Kршењето на човековите права и слободи е присутно во сите области, но најмногу проблеми има со слободата на говор, еднаквиот пристап до правдата, еднаквото третирање на граѓаните при спроведување на законите и заштита на работничките права.
Тажна е состојбата со човековите права и слободи во земјава, а властите не прават никакви заложби за нивно унапредување, велат експертите. Во минатата година на адресата на народниот правобранител пристигнале 4.827 поплаки, што значи бројката во однос на 2009 година е зголемена за околу 11 насто. Најголем дел од нив се од областа на правосудството. Според народниот правобранител тоа што граѓаните покажуваат поголем интерес за заштита на нивните права и слободи во исто време укажува дека тие се на незадоволително ниво.
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека кршењето на човековите права и слободи е присутно во сите области, но најмногу бодат очи во овој период проблемите со слободата на говор, еднаквиот пристап кон правдата, еднаквото третирање на граѓаните при спроведување на законите и заштита на работничките права.
„Човековите права и слободи во Македонија се често употребувана фраза и уште почесто фраза која ја прекршуваат токму институциите на државата и институциите на локално ниво.“
Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти вели дека граѓаните почнуваат да губат претстава што значи да имаат права и слободи и што значи проактивна улога на државата во остварување на истите. Според неа политичарите ги користат само како фарса во јавноста.
„Изговарањето на било кој елемент кој што е поврзан со човековите права и слободи, нема врска вистински со нивното остварување или со нивната заштита, значи како да сме влегле во некоја twiligth зона во коај сите зборуваат за правата и слободите, меѓутоа во суштина никаде ги нема.“
И Дерала смета дека одговорноста треба да се побара кај политичките партии.
„Политичките партии се тие кои креираат погрешни политики, секако многу повеќе кога се на власт бидејќи тогаш ги имаат на располагање инструменти за спроведување на законите на правдата и да се грижат за добробитта на граѓаните.“
Најчевска додава дека основна појдовна точка се вистински независни и контролни механизми.
„Тела кои ќе можат да прават мониторинг на ситуацијата, кои ќе можат да укажат на вистинските проблеми, коишто ќе можат да посочат на клучните точки на несоодветен третман на човековите права и слободи и кои ќе бидат дововолно моќни да повлечат и да иницираат и легални, меѓутоа уште повеќе и практични промени.“
По повод 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права и слободи Цивил заедно со други организации цел месец ќе организира настани за јакнење на свеста и едукација на граѓаните.
Човековите права и слободи во Македонија се често употребувана фраза и уште почесто фраза која ја прекршуваат токму институциите на државата и институциите на локално ниво.Џабир Дерала, Цивил.
Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека кршењето на човековите права и слободи е присутно во сите области, но најмногу бодат очи во овој период проблемите со слободата на говор, еднаквиот пристап кон правдата, еднаквото третирање на граѓаните при спроведување на законите и заштита на работничките права.
„Човековите права и слободи во Македонија се често употребувана фраза и уште почесто фраза која ја прекршуваат токму институциите на државата и институциите на локално ниво.“
Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти вели дека граѓаните почнуваат да губат претстава што значи да имаат права и слободи и што значи проактивна улога на државата во остварување на истите. Според неа политичарите ги користат само како фарса во јавноста.
Изговарањето на било кој елемент кој што е поврзан со човековите права и слободи, нема врска вистински со нивното остварување или со нивната заштита.Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.