Семејното насилство во општините Дебар и Центар Жупа оваа година е во пораст, покажуваат податоците на надлежните институции.
Според преставниците на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Дебар, за жртвите на семејното насилство во еден дел веќе не е проблем да се проговори за насилството, но и покрај тоа бројот на жртвите се уште е многу поголем од пријавените случаи.
Социјалниот работник при меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Дебар Исмаил Мерсимоски, одговорен за оваа проблематика во институцијата, особено е задоволен од фактот што има пораст на бројот на жртвите кои го пријавуваат насилството.
„Според податоците со кои располагаме, евидентирани се десет пријави за извршено семејно насилство и со нив како жртви се работи во делот на третманот и заштитата на самите жртви. Во споредба со минатата година има благ пораст на пријавите. Ако во 2010 година имаше шест пријави, до септември оваа година значи за девет месеци се евидентирани десет случаи. Ова значи дека жртвите се добро информирани каде да се обратат и да побараат спас од семејното насилство.”
Мерсимоски подвлекува дека во Центарот, за проблемот со семејното насилство особено внимание се посветува на утврдувањето на причините за појавата на насилството, што потоа е битно за третманот на жртвите.
„Според информациите што ги имаме, поголемиот дел на жртвите од семејно насилство потекнуваат од семејства со нарушени брачни односи. Како причини се јавуваат алкохолот, лошата материјална состојба во семејствата, миграцијата и нерешените имотно-правни односи”, истакнува Мерсимоски.
Над десетина проекти се реализирани од страна на невладините организации во соработка со полицијата, Центарот за социјални работи и други надлежни иниституции, во изминатиот период. Сите активности беа во насока на давање поддршка на жртвите да ги пријавуваат случаите. Зголемувањето на бројот на пријавите, иниституциите го поврзуваат и со ефектите на проектите, но исто така стои и оценката дека бројот на пријавите од страна на жртвите во споредба со објективната бројка е многу мал.