Зголемувањето на цените на парното, има или нема странски инвеститори, судбината на ЕУ, дел од темите во дневните печатени медиуми.
Во студени времиња за скопјани секогаш е актуелна Топлификација и нејзиниот начин на греење на граѓаните, особено есенва, па и од пред некој ден, кога Сител ТВ почна хајка против наводни малверзации на таа фирма, и кога оттаму возвратија со информација дека токму Сител должел поголема неплатена сума за греење.
Вечер прашува дали државата го стега обрачот околу Топлификација со измените на Законот за експропријација на државно земјиште со кои државата ќе може да експроприра постројки и системи за производство и снабдување со топлинска енергија за кои ќе оцени дека се од јавен интерес.
И Дневник се занимава со оваа тема информирајќи дека акционерите на Топлификација се во паника затоа што нивните акции во таа фирма со промените во Законот би можеле да станат државни.
Утрински, пак, оди со наслов: „Сите се жалат на скапото парно, а Топлификација бара нова цена“.
Вечер пишува дека 200 милиони странски инвестиции годинава ја освежиле Македонија, а новиот дневен весник Фокус насловува: „Наезда на инвеститори на екраните, во реалноста само камен темелници“, па објавува список на 10-те инвестиции што премиерот ги спомна по повод 100 дена на Владата, од кои работи само една фабрика, а друга само делумно.
Во колумна инспирирана од владината акција за садење на дрвја и новото задолжување на државава од страна на Владата со 130 милиони евра, Утрински го поставува прашањето: Што ќе се случи кога Европа ќе престане да им игра пиперевка на Македонија или на Груевски, како што престана да им игра на Грција и на Папандреу, односно, во Европа паднаа три силни влади поради ненавремено донесување политички одлуки и популизам кој дозволи преголемо задолжување заради политичка комоција на премиерите, сегашни и минати.
Утрински ја објавува и реакцијата на опозициската СДСМ на одлуката на претседателот на Собранието Вељаноски да не ги стави на дневен ред за седницата на 5 декември нивните предлози на закони за социјална заштита и за решавање на статусот на стечајците со што би се решиле проблемите на околу 90 илјади граѓани.
Нова Македонија во еден број објавува 3-4 текстови за судбината на Европската унија: „Ќе се шири ако преживее“; „Уште нема решение за дилемите“; „Флексибилна ЕУ решение за кризата“.