„Кокино – мистичниот шепот низ вечноста“ е насловена фотомонографијата на Љупчо Илиевски чија промоција се случи во Планетариумот на Младинскиот културен центар.
Осум години по вљубувањето во пејсажот на мегалитската опсерваторија и нецели две години по изложбата одржана во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар Мала станица, Љупчо Илиевски го дочека излегувањето на својата фотомонографија со истиот наслов: Кокино – мистичниот шепот низ вечноста.
Се работи за капитално дело и публикација во која на 128 страни и преку 116-те фотографии поместени во четири дела авторот, низ катадневното надмудрување со светлината, говори за сопственото живеење на Кокино, една од најстарите опсерватории во светот и локалитетот запишан на привремената листа на светското наследство на УНЕСКО.
„Знаев, уште од мигот знаев дека јас и Кокино ќе се дружиме, дека долго време ќе имам што да работам и да покажам. Сфатив дека единствен правец кој треба да го имаат моите фотографии е токму тоа, да се потенцира неговата мистичност, таинственост.“
Во монографијата се поместени и текстовите на физичарот Ѓоре Ценев и д-р Ана Димишковска, која за фотографиите на Илиевски забележува дека го прават невозможното: не само што го идентификуваат самиот genius loci на Кокино, сублимирајќи ја неговата скриена суштина, туку и го покажуваат како видлив, а сепак недофатлив.
Од своја страна, промотерот на „Кокино – мистичниот шепот низ вечноста“, професор д-р Венко Андоновски, пред да заклучи дека Македонија треба да се гордее со ова фотомонографија и дека станува збор за продукт што мора да се пласира во светот, ќе потенцира:
„Тие фотографии коишто се поместени во оваа негова и наша фотомонографија се мали ремек дела, мали катчиња поезија коишто функционираат како неверојатни репрезенти на една оптимистична философија и дека ни го претставуваат Кокино не само како мегалитска опсерваторија, туку ни го претставуваат Кокино како наша внатрешна состојба на духот.“
Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација мајстори на занаетот која негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. За себе вели дека не фотографира, туку дека пишува со светлината и тоа не на актуелни теми, туку во фокусот му се наизглед неважни нешта, кои ги обработува долг временски период и со голема посветеност. Присутен е и на повеќе филмски фестивали, а за својата работа повеќепати е наградуван. Неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема - Теракотни икони и Кокино и засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија се објавени во престижното специјализирано списание за фотографија National Geographic.
Знаев, уште од мигот знаев дека јас и Кокино ќе се дружиме, дека долго време ќе имам што да работам и да покажам.Љупчо Илиевски, фотограф.
„Знаев, уште од мигот знаев дека јас и Кокино ќе се дружиме, дека долго време ќе имам што да работам и да покажам. Сфатив дека единствен правец кој треба да го имаат моите фотографии е токму тоа, да се потенцира неговата мистичност, таинственост.“
Во монографијата се поместени и текстовите на физичарот Ѓоре Ценев и д-р Ана Димишковска, која за фотографиите на Илиевски забележува дека го прават невозможното: не само што го идентификуваат самиот genius loci на Кокино, сублимирајќи ја неговата скриена суштина, туку и го покажуваат како видлив, а сепак недофатлив.
Тие фотографии коишто се поместени во оваа негова и наша фотомонографија се мали ремек дела, мали катчиња поезија.Венко Андоновски, универзитетски професор.