Засега пазарџиите од Зеленото пазарче можат да бидат спокојни дека пазарот нема да биде дислоциран, но ќе го исполни ли општина Центар ветеното?
Зеленото пазарче нема да замине во историјата, барем не во наредната година. Од општина Центар велат дека според деталниот урбанистички план на местото на пазарчето треба да има парк и зеленило, но во програмата не е предвидена неговата реализација во 2012 година. На пазарчето во мометов има околу 750 тезги и дуќани. Повеќето од пазарџиите со години тука го вадат своето парче леб и не сакаат да слушнат за евентуално рушење или дислокација на пазарот.
„Каде ќе работиме ние, каде ќе се продава оваа роба ниту ние не знаеме, не е убаво тоа што го прават, што ќе прават на ова место, само паркизни, само згради.“
„Па сигурно дека не треба да се дислоцира затоа што и на граѓаните едноставно им треба пазар, да се модернизира сигурно дека треба, ама дасе дислоцира сигурно не.“
„Ваква локација каде ќе најдат на друго место,нема никаква потреба да се дислоцира, 50 години постои и сега некој се сетил тука да прави нешто друго, воопшто не е во ред тоа што се подготвува.“
Граѓаните, пак, велат дека за нив зелено пазарче претставува традиција и место каде што секојдневно купуваат продукти, кои им се потребни за живот и тие се против негово преместување.
„Не треба да се менува, тоа е некоја традиција македонска, зелен пазар од век и векови што се вели.“
„Апашка работа. Ова е традиција 50 години и некој се сетил сега ќе се богати, милионер ќе биде и ќе менува.“
Сепак, засега пазарџиите можат да бидат спокојни, но тие се сомневаат дека општината ќе го исполни ветеното и се решени доколку е потребно да организираат протести и да се борат до крај за да го соочуваат пазарчето.
Па сигурно дека не треба да се дислоцира затоа што и на граѓаните едноставно им треба пазар, да се модернизира сигурно дека треба, ама да се дислоцира сигурно не.Пазарџија.
„Каде ќе работиме ние, каде ќе се продава оваа роба ниту ние не знаеме, не е убаво тоа што го прават, што ќе прават на ова место, само паркизни, само згради.“
„Па сигурно дека не треба да се дислоцира затоа што и на граѓаните едноставно им треба пазар, да се модернизира сигурно дека треба, ама дасе дислоцира сигурно не.“
„Ваква локација каде ќе најдат на друго место,нема никаква потреба да се дислоцира, 50 години постои и сега некој се сетил тука да прави нешто друго, воопшто не е во ред тоа што се подготвува.“
Апашка работа. Ова е традиција 50 години и некој се сетил сега ќе се богати, милионер ќе биде и ќе менува.Анкетиран граѓанин.