Достапни линкови

Контроли на дивите пазарџии


Продавачи на скопскиот плоштад
Продавачи на скопскиот плоштад

Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат интензивирање на контролите на дивите пазарџии чиј број во пресрет на Новогодишните празници се зголемува.

Државниот пазарен инспекторат најавува интензивирање на контролите, посебно на дивите препродавачи. Пазарџиите се бунат, тврдејки дека во услови на немаштија, контролите нема да имаат ефект.
Од здружението на пазарџии велат дека и покрај тоа што дивите тезгаџии им се нелојална конкуренција на оние кои плаќаат за штандови, односот на претпоставените не е оправдан.
Апсолутно ќе се интензивира оваа контрола на дивите препродавачи.
Првиот човек на Здружението Екрем Долек вели дека пазарџиите не можат да се сложат со начинот на пазарно контролирање:

„Затоа што луѓето што продаваат на пазар било брендирана роба, било забранета стока од страна на законот, вклучително и пиротехничките материјали има многу други инстанци претходно каде што може да се спречи трговијата со такви производи. Првата инстанца се царините.“

Евидентно е дека посебно пред новогодишните празници се зголемува бројот на дивите препродавачи, посебно во близина на трговските центри и пазарите. Од пазарниот инспекторат најавуваат и интензивирање на контролите. Директорката Елизабета Чингаровска вели дека фокусот ќе биде на петардите

„Апсолутно ќе се интензивира оваа контрола на дивите препродавачи и сега во моментот пред новогодишните празници имаме една координација помеѓу нашите инспектори од Државниот пазарен инспекторат, комуналните
Има многу други инстанци претходно каде што може да се спречи трговијата со такви производи. Првата инстанца се царините.
редари од локалната самоуправа како и МВР, околу дивите препродавачи што се јавуваат околу плоштадот и што препродаваат петарди и други запаливи материи“, вели Чингаровска.

Се поставува прашањето колку ќе бидат ефективни контролите во услови кога, според неофицијални проценки, сивата економија во земјава сочинува близу 40 проценти од бруто домашниот производ? Контролата е репресивна мерка која треба да се користи во краен случај, објаснува професорот Христо Карталов:

„Контролите во услови кога не се прави ништо од планот на вработувањето, на легализацијата се преземаат мерки што нема да донесат никаков плод, никаков резултат“, вели Карталов.

Дивите препродавачи не говорат јавно дали често се субјект на контрола. Зад микрофон, нивните одговори се поделени. Едни велат дека често бегаат од полицијата. Други тврдат дека униформирани лица им се чести муштерии.
XS
SM
MD
LG