Проблеми со прилепскиот водовод

И покрај проектот за намалување на загубите на вода од прилепскиот водовод, проблемите се уште не се решени.
Заврши реализацијата на грантот на германската КФВ банка, во висина од 8,2 милиони евра, што беше наменет за целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето на Прилеп. Но, планираните цели не ги оствари. Ревизорите сугерираат јавното претпријатие Водовод и канализација да продолжи со економично работење. Експертите препорачуваат загубите да се намалат под прифатливи 40%, што е двојно повеќе од процентот на загуби во европските држави.
Целта која што беше предвидена со овој проект не е постигната во целост, а тоа меѓу другото се должи на фактот што во рамките на овој проект со средствата што ни беа на располагање успеавме да замениме само нешто помалку од една третина од водоводниот систем во градот.
Дитер Шулце, ревизор од германската КФВ банка.

„По завршување на завршната контрола може да се каже, дека целта која што беше предвидена со овој проект не е постигната во целост. А, тоа меѓу другото се должи на фактот што во рамките на овој проект со средствата што ни беа на располагање успеавме да замениме само нешто помалку од една третина од водоводниот систем во градот“, изјави Дитер Шулце, ревизор од германската КФВ банка.

Како што потенцираше овој таканаречен проект за помош за самопомош требаше да придонесе загубите на вода во системот кои изнесуваа над 60, да се намалат под 40 отсто.

Дитер Шулц, ревизор од германската КФВ Бака


Од Водовод и канализација потенцираат дека најголеми загуби се евидентираат во ромската населба Тризла, каде жителите крајно несовесно ја трошат водата за пиење и дозволуваат да тече неконтролирано низ населбата, во ситуација кога градот се бори за вода. Од вкупно 280 литри вода во секунда кои се доволни за нормално водоснабдување на Прилеп, 40 литри вода во секунда течат неконтролирано во оваа населба. А, тоа се огромни количества. Претпријатието презема мерки да го реши проблемот.
Наша проценка е дека околу 30% од вкупните загуби во Прилеп отпаѓаат на Тризла. И треба да се работи на доедукација на населението, на подигање на свеста, на тоа население за значењето на водата.
Сашо Николоски, директор на ЈП „Водовод и канализација“ Прилеп.

„Наша проценка е дека околу 30% од вкупните загуби во Прилеп отпаѓаат на Тризла. И треба да се работи на доедукација на населението, на

Сашо Николоски, директор на ЈП „Водовод и канализација“ Прилеп

подигање на свеста, на тоа население за значењето на водата. Мислам дека овде треба да се вклучи локалната самоуправа, социјални здруженија, невладини организации. Ние веќе работиме таму, имаме направено два-три проекта со невладини организации“, истакнува Сашо Николоски, директор на јавното претпријатие Водовод и канализација.

Тој додава дека ефектите се краткорочни, само додека трае проектот, а потоа повторно се евидентираат енормни загуби. Но, во оваа населба се врши интензивна реконструкција на мрежата и инсталирање на водомери за да се санира состојбата. Од друга страна продолжуваат и активностите за целосна реконструкција на мрежата во градот.

„Ако знаеме дека со проектот се завршени 36 км водоводна мрежа, Водовод со сопствени средства веќе им реконструирано дополнителни 12 километри, дадени се дополнителни 1000 приклучоци. КФВ инсистира да продолжиме со таа реконструкција и доколку го држиме ова темпо од 7-12 километри годишно, веќе за 6­-7 години ќе имаме целосно реконструирана водоводна мрежа, сигурно дека загубите ќе паднат и под 40 отсто“, смета Николоски.

Голем проблем и натаму создаваат кражбите на вода, преку дивите приклучоци. Според „Водовод“, во градот и на периферијата се откриени 325, а повеќе од половината диви приклучоци се веќе исклучени од мрежата. И натаму голем проблем во водоснабдувањето претставуваат дивите приклучоци во мрежата од изворот Студенчица, па до градот. Има цели села кои ја користат чистата вода за пиење за полевање на бавчите, а згора не плаќаат ниту денар за оваа потрошена вода.