Владата на Папандреу доби доверба во Парламентот и од денеска започнуваат консултации за формирање поширока коалиција.
Владата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу го преживеа гласањето за доверба во парламентот, кое беше иницирано поради незадоволството на опозицијата од справувањето со финансиската криза. Доцна синоќа, владата на Папандреу ја подржаа 153-ца пратеници од вкупно 300.
Во обраќањето во парламентот, пред гласањето, Папандреу повика на формирање широка владина коалиција која ќе го одобри меѓународниот пакет помош за Грција во износ од 130 милијарди евра, кои и се неопходни на земјата за да не банкротира. Дел од овој пакет помош е и обврската на Грција да спроведе строги мерки за штедење, против кои има голем отпор во земјата.
Папандреу истакна дека не му е битно дали ќе остане на функцијата премиер и не му е битно дали на наредните избори повторно ќе ја освои власта.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги почна разговорите со претседателот Каролос Папуљас за формирање широка коалициска влада што треба да ја извлече земјата од тешката економска криза.
„Ќе направам се што можам за да формирам влада со широк консензус“, изјави Папандреу при пристигнувањето кај Папуљас.
Грчкиот премиер, претходно ги отфрли барањата на опозицијата за предвремени избори. Изборите во овој би биле катастрофа за Грција и за грчкиот народ, оцени Папандреу.
Аналитичарите оценуваат дека ова е пирова победа на Папандреу и оти клучниот проблем не е решен, а неговите денови се одбројани. Најтешкото допрва доаѓа кога ќе треба да се спроведуваат мерките за штедење.
Министерот за финансиии Евангелос Венизелос изјави дека новата влада ќе ја води земјата до февруари, по што ќе бидат распишани избори.
Лидерите на Франција и на Германија деновиве го предупредија Папандреу дека Грција веќе нема да добие ни цент доколку не го одобри пакетот финансиска помош, што би значело дека државата веќе од идниот би била во банкрот.

Ќе направам се што можам за да формирам влада со широк консензус.Јоргос Папандреу, премиер на Грција.