Се чека опозицискиот „напад“

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, најави дека од утре со пон капацитет ја почнуваат „битката против штетните политики“ на власта.
По истекот на првите 100 дена од старо-новата Влада, опозициските партии најавуваат дека ќе критикуваат повеќе, ќе се активираат во Собранието, ќе се обидат на народот да му докажат дека властите лажат и дека не ги исполнуваат своите ветувања.
Од утре започнуваме со полн капацитет, и користејќи ги сите расположливи демократски средства да ја водиме битката против штетните политики на оваа власт.
Бранко Црвеновски, СДСМ.

СДСМ го испочитува правилото 100 дена за мир на новата Влада, но тој период завршува, рече претседателото на СДСМ , Бранко Црвеновски.

„Од утре започнуваме со полн капацитет, и користејќи ги сите расположливи демократски средства да ја водиме битката против штетните политики на оваа власт. Ги повикувам сите политички партии, здруженија, организации, сите граѓани на оваа земја кои ги споделуваа со нас, истите оцени, истите грижи, да ни се придружат во битката за иднината на нашиот народ, на нашата држава“, изјави Црвенковски.

Црвенковски ги повика сите партии, здруженија, организации и сите граѓани, да им се придружат во битката за „иднината на Македонија“.


Од опозициската ДПА најавуваат дека прво што ќе направат е да му кажат на народот дека оваа власт лаже.

„Како прво, ќе ги кажеме сите работи што оваа влада и ДУИ ги немаат реализирано, за ветувањата и лажењето пред народот. Како второ, ќе ги победиме на локалните избори​ во Сарај и ќе бараме после тоа предвремени парламентарни избори и на парламентарните избори ќе ги победиме“, вели пратеникот Зијадин Села.

Отчет пред Собранието е она што НСДП очекува од премиерот по истекот на 100 дена Влада. Пратеникот Тито Петковски вели дека премиерот треба да се соочи со опозицијата и да се види навиститна е реализирано поголемиот дел од ветеното па дури и повеќе, како што рече Груевски во своето обраќање. НСДП во најскоро време ќе побара во Собранеито да се донесат неколку клучни закони, најавува Петковски.
Ќе ги победиме на локалните избори во Сарај и ќе бараме после тоа предвремени парламентарни избори.
Зијадин Села, ДПА.

„Ќе предоложиме измени на законот за пратеници по однос на материјално-финансиската обврска што ја бара владечката партија од пратениците за лојалност, после тоа бараме измени на законот за полиција, односно предлагаме да се воведе посебна институција - полициски омбдусман по она што се случуваше со убиството на Мартин Нешкоски, подготвивме и измени на законот за МРТВ за таа да не биде сервис на владечката партија и најголемиот пропангадист на владината политика туку да биде јавен сервис.“

Опозициските партии и досега најавувале поостра политичка битка, преземање на легални мерки со кои ќе се промени, според нив, лошата политичка состојба во земјата.