„Цените се на небо, стандардот на земја“, „Догодина ќе трошиме турбо“, „Остри пораки од Ахмети до Груевски“ - дел од насловите во весниците.
Се чини вообичаено во доцноесенските денови да читаме поскапувања, за високи цени на се и сешто, за низок стандард. Или сепак тоа ни е стварноста иако неретко овие вести се „покриени“ со политички, „локумчиња“, со намера да се забошотат. Значи, во изминатава недела во
весниците читаме, а од електронските медиуми слушаме дека „Цените се на небо, стандардот на земја“, како што насловува Утрински дека парното поскапе по кој знае кој пат, дека од 1 јануари и струјата ќе поскапи за цели 12 проценти, дека се очекува поскапување и на храната и на услугите.
Дневник објавува дека Топлификација која побара и доби зголемување на цената на парно греењето, всушност работела со профит, а не со загуба, како што беше нејзиното оправдување за поскапувањето. Дневник, покрај другите, исто така информира дека буџетот за догодина го поминал владиниот филтер и дека и „Догодина ќе трошиме турбо“, затоа што било предвидено државата да троши за 150 милиони евра повеќе од годинава.
Во исто време, само Утрински и некои телевизии го објавија податокот што на прес конференција го кажаа од СДСМ дека задолженоста на државава, според податоци на Министерството за финансии, на крајот на август годинава достигнала фантастични една милијарда и 412 милиони евра. Антикорупциска, пак, објави дека за време на предизборната кампања не бил потрошен ниту денар од буџетот,
како што извести Дневник, иако други медиуми објавија дека кај владејачката ВМРО-ДПМНЕ е забележана „дупка“ од 3 милиони евра.
Антикорупциска, меѓутоа, ќе поднесе кривични пријави за нерегуларности и незаконитост во финансиските извештаи само против опозициската СДСМ, како и за веќе згаснатите А1ТВ и весниците Време и Шпиц.
Враќањето на некои од старите кадри на СДСМ во разни новоформирани партиски тела ги наведува медиумите, секој од аголот на својата политичка улога, да ги коментира: Дневник, насловува: „СДСМ со тешка артилерија ќе пука по власта“, Нова Македонија - „СДСМ ќе нападне на 5 ноември“, кога навршуваат 100 дена на старо-новата Влада, а Вечер дека во СДСМ има „Бунт по освежувањата, на Бранко“, цитирајќи го поранешниот лидер Бучковски кој смета дека тоа било само козметика.
И на крај, но не како најмалку важно, Утрински и некои телевизии го објавија предупредувањето од коалицискиот партнер на Груевски како „Остри пораки од Ахмети до Груевски“ - името да се реши до пролет, пред Самитот на НАТО во Чикаго, за земјава да избегне нестабилност.
Дневник објавува дека Топлификација која побара и доби зголемување на цената на парно греењето, всушност работела со профит, а не со загуба, како што беше нејзиното оправдување за поскапувањето.
Дневник објавува дека Топлификација која побара и доби зголемување на цената на парно греењето, всушност работела со профит, а не со загуба, како што беше нејзиното оправдување за поскапувањето. Дневник, покрај другите, исто така информира дека буџетот за догодина го поминал владиниот филтер и дека и „Догодина ќе трошиме турбо“, затоа што било предвидено државата да троши за 150 милиони евра повеќе од годинава.
Во исто време, само Утрински и некои телевизии го објавија податокот што на прес конференција го кажаа од СДСМ дека задолженоста на државава, според податоци на Министерството за финансии, на крајот на август годинава достигнала фантастични една милијарда и 412 милиони евра. Антикорупциска, пак, објави дека за време на предизборната кампања не бил потрошен ниту денар од буџетот,
„Вечер“ пишува дека во СДСМ има „Бунт по `освежувањата` на Бранко“.