Лидерите на земјите од групата Г-20 денеска во францускиот град Кан започнаа дводневен состанок на кој разговараат за кризата во еврозоната и во Грција. Токму одлуката за референдум во Грција за спасувачкиот пакет од ЕУ ги разлути европските лидери.
Разговорите во Кан на лидерите на 20-те најразвиени економии и економии во развој се посветени на кризата во евро-зоната која започна со должничката криза во Грција.
Во Кан денеска се сретнаа претседателите на Франција и на САД, Никола Саркози и Барак Обама. Обама изјави дека поголем дел од разговорот бил посветен на напорите за засилување на глобалното економско опоравување.
„Најзначаен аспект од нашата работа е да ја решиме финаниската криза во Европа“, изјави Обама.
Она што ги налути лидерите на ЕУ е одлуката на Атина да спроведе референдум за спасувачкиот пакет од ЕУ и ММФ. Во Кан, портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни изјави:
„Европа направи важни одлуки и ние очекувама натамошна елаборација и брза имплементација на тие одлуки. Настаните во Грција само ја покажуваат итноста за обединување на Европа за решителна акција за излез од кризата“, изјави Карни.
Лидерите на Франција и Германија, пак, во Кан изјавија дека Грција нема да добие повеќе пари од европските фондови за спас, се додека Атина одлучува за својата иднина во рамките на еврозоната. Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел имаа вонредни разговори со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, по одлуката во Грција да се одржи референдум.
Таквата одлука ги разлути европските лидери. Саркози изјави дека Европа е подготвена да и помогне Грција, но само ако таа ги исполнува своите обврски.
„Европјаните и ММФ нема да ја ослободат 6-тата транша од програмата за Грција, доколку Атина не го усвои целиот пакет од 27 октомври и не се надмине несигурноста околу референдумот“, изјави францускиот претседател Саркози.
Германската канцеларка Ангела Меркел беше уште поостра:
„Уште еднаш јасно рековме дека референдумот загрижува во смисла дали Грција сака или не сака да остане во еврозоната. И грчкиот премиер исто така силно го подржа ова.“
Меркел рече дека Европа сака да и помогне на Грција, но она што е најаважно е стабилизирање на еврото.
Најавата на Папандреу за референдум на кој ќе се гласа за спасувачкиот пакет за Грција, дојде само една недела по одлуката да и се дадат на Атина 130 милијарди евра за излез на земјата од економската криза и да и се отпишат половина од долговите.
Најзначаен аспект од нашата работа е да ја решиме финаниската криза во Европа.Барак Обама, претседател на САД.
Во Кан денеска се сретнаа претседателите на Франција и на САД, Никола Саркози и Барак Обама. Обама изјави дека поголем дел од разговорот бил посветен на напорите за засилување на глобалното економско опоравување.
„Најзначаен аспект од нашата работа е да ја решиме финаниската криза во Европа“, изјави Обама.
Она што ги налути лидерите на ЕУ е одлуката на Атина да спроведе референдум за спасувачкиот пакет од ЕУ и ММФ. Во Кан, портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни изјави:
„Европа направи важни одлуки и ние очекувама натамошна елаборација и брза имплементација на тие одлуки. Настаните во Грција само ја покажуваат итноста за обединување на Европа за решителна акција за излез од кризата“, изјави Карни.
Уште еднаш јасно рековме дека референдумот загрижува во смисла дали Грција сака или не сака да остане во еврозоната.Ангела Меркел, германска канцеларка.