Залудно е изготвување на Акциски план, доколку нема политичка волја за спроведување на реформите и препораките од извештајот на ЕК, коментираат од опозицијата.
За да се постигнат подобри резултати во европската агенда по добивањето на Извештајот на ЕК, Владата ќе направи компаративна анализа со наодите од претходната година. Акцискиот план поттикна надеж кај опозицијата, но во пракса се уште треба да се докажува. Радмила Шеќеринска од СДСМ предупредува дека планот од владината
зграда останува чекор во прогрес.
„За жал тој не може да ја заврши работата, досега Владата секоја година работеше Акциски план и во моментот кога ќе го усвоеше забораваше на него. Таков тип Акциски планови во моментов не ни се потребни, меѓутоа ако постои политичка волја да се спроведуваат реформи тогаш дефинитивно Акцискиот план би бил првиот добар чекор.“
Во изминатиот период имаше повеќе барања добро да се анализира Извештајот и да се направи компаративна анализа со наодите од
претходните три години. Во пресрет на неговото објавување Центарот за европско образование донесе свој извештај со препорака работни групи по поглавја кои ја изготвуваат националната програма да ги анализираат сопствените поглавја за последните три години и да смислат активности за надминување на забелешките во извештајот:
„Зошто ќе биде полесно да се има Акциски план? Нема да се троши времето на нашите министри коишто незнам што прават, што работат, туку ќе си се сконцентрираат на она што ЕК го кажува во извештајот, еве во извештајот исто така ви пишува дека парите во трета и четврта компонента од ИПА 2007 се загрозени, значи акцискиот план ќе ви каже, чекајте, ова не е предност“, изјави Лидија Димовска од Центарот за европско обрзование.
Во изминатиот период веќе беше направен сличен потег. Пред затворањето на извештајот на ЕК вицепремиерката Теута Арифи се сретна со претставникот на ЕК од Генералниот директорат за проширување Стефано Санино за да се направат последните консултации. Направените консултации беа преточени во краткорочен Акциски план со чија помош требаше да се обезбеди подобра координација на активностите на министерствата за да се испорачаат последните резултати:
„Во него стоеше дека треба истиве проблеми да се третираат, слобода на медиуми, судство, администрација, антикорупција, политички дијалог, и за жал единственото нешто што се реализираше вистински беше една конференција после која продолжија судовите да изрекуваат драконски казни против новинарите, а премиерот ги делеше новинарите на вистински и поранешни.“
Според Центрот за европско образование сепак фактот дека некој се сетил да направи Акциски план по повеќе од пет години заслужува почит.
Таков тип Акциски планови во моментов не ни се потребни, меѓутоа ако постои политичка волја да се спроведуваат реформи тогаш дефинитивно Акцискиот план би бил првиот добар чекорРадмила Шеќеринска, СДСМ
зграда останува чекор во прогрес.
„За жал тој не може да ја заврши работата, досега Владата секоја година работеше Акциски план и во моментот кога ќе го усвоеше забораваше на него. Таков тип Акциски планови во моментов не ни се потребни, меѓутоа ако постои политичка волја да се спроведуваат реформи тогаш дефинитивно Акцискиот план би бил првиот добар чекор.“
Во изминатиот период имаше повеќе барања добро да се анализира Извештајот и да се направи компаративна анализа со наодите од
„Зошто ќе биде полесно да се има Акциски план? Нема да се троши времето на нашите министри коишто незнам што прават, што работат, туку ќе си се сконцентрираат на она што ЕК го кажува во извештајот, еве во извештајот исто така ви пишува дека парите во трета и четврта компонента од ИПА 2007 се загрозени, значи акцискиот план ќе ви каже, чекајте, ова не е предност“, изјави Лидија Димовска од Центарот за европско обрзование.
Зошто ќе биде полесно да се има Акциски план? Нема да се троши времето на нашите министри коишто незнам што прават, што работат, туку ќе си се сконцентрираат на она што ЕК го кажува во извештајотЛидија Димовска, Центар за европско образование