Балканот како крстосница меѓу Европа, Азија и северна Африка претставува транзитен регион за активности поврзани со терористички организации, оценуваат експертите.
Балканот како крстосница меѓу Европа, Азија и северна Африка е интересен транзитен регион за организирани нелегални активности од истокот кон западот, како и за активности поврзани со мрежи за тероризам и терористичките организации, како што беше терористичкиот
чин во Сараево, што е опасност што како закана ќе биде присутна во овој регион подолго време, оценуваат експертите.
„Во многу случаи и на Балканот ќе имаме ситуации на поединци и групи коишто самостојно ќе се организираат, ќе нема централа која ќе ги координира. Се повеќе е дифузен процесот, кој се сведува на индивидуалци, кои се саморадикализираат од различни причини и фрустрации, економски, социјални, политички, правни, религиски убедувања, скршнувања од религијата најчесто и друго“, вели Жидас Даскаловски, директор на Школата за јавни политики „Мајка Тереза“.
Според Даскаловски, целта на терористичките напади на фанатизираните индивидуалци кои се поистоветуваат со одредени групации, најчесто инспирирани од сиромаштијата, неправедноста и безперспективноста во општеството е да се привлече внимание и да се направат што поголеми штети, со биолошки орудија, нуклеарни и валкани бомби насочени кон западните финансиски и политички центри на моќ, но и во регионот и источна Европа.
„Македонија може да стравува од такви радикални поединци коишто прифаќаат радикални идеи, како што е недоброто читање на религиските книги. Може да стравува од мафијата, односно мрежите на криминалци, коишто на секој начин ќе се обидат да го свртат вниманието на некои други работи, а не на она што тие сакаат да го прават како шверцот на дрога, цигари, алкохол, жени, оружје и сл, значи оние што би манипулирале со некакви радикални елементи заради свој интерес. И може да стравуваме од оние служби на безбедност коишто би користеле на пример терористички акции или напади, или дејствија блиски до тероризмот за свои политички цели. На пример за сменување од власт на некоја политичка елита. Тие се трите елементи кои се најголема и најсериозна закана за Балканот, за сите држави на Балканот“,
вели Даскаловски.
Според него, Македонија која е на страната на Западната Алијанса, ЕУ, САД и НАТО, е потенцијална мета на терористичките напаѓачи кои имаат поинаква идеологија и размислување
и се против овие режими и нивните поддржувачи.
„Проблемот на Западен Балкан е тоа што се уште не постои некоја сериозна регионална интеграција во делот на безбедноста. Иако штабот на регионалниот безбедносен совет се наоѓа во Сараево, БИХ, кој има задача да ја координира безбедносната инфраструктура на регионот, сепак тоа не функционира во оној капацитет за којшто е предвиден. Се уште борбата против тероризмот во нашиот регион е сведена на Евроатланската поддршка, што значи посебна поддршка на Американската разузнувачка служба, а од друга страна тоа зависи од националните безбедносни ресурси. Од тоа колку нашите, конкретно Македонските безбедносни служби поседуваат релевантни податоци, што сметам дека ги поседуваат, и што е уште побитно, дали тие податоци се користат со цел на ревенирање на евентуални закани“, вели Горан Илиќ, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, учесник на Школата за јавни политики, на која во Охрид во организација на Центарот за истражување и креирање политики со поддршка на Советот на Европа, се расправаше за „Борбата против тероризмот и организираниот криминал на Западниот Балкан“.
Македонија може да стравува од такви радикални поединци коишто прифаќаат радикални идеи, како што е недоброто читање на религиските книги. Може да стравува од мафијата, односно мрежите на криминалциЖидас Даскаловски, директор на Школата за јавни политики " Мајка Тереза"
чин во Сараево, што е опасност што како закана ќе биде присутна во овој регион подолго време, оценуваат експертите.
„Во многу случаи и на Балканот ќе имаме ситуации на поединци и групи коишто самостојно ќе се организираат, ќе нема централа која ќе ги координира. Се повеќе е дифузен процесот, кој се сведува на индивидуалци, кои се саморадикализираат од различни причини и фрустрации, економски, социјални, политички, правни, религиски убедувања, скршнувања од религијата најчесто и друго“, вели Жидас Даскаловски, директор на Школата за јавни политики „Мајка Тереза“.
Според Даскаловски, целта на терористичките напади на фанатизираните индивидуалци кои се поистоветуваат со одредени групации, најчесто инспирирани од сиромаштијата, неправедноста и безперспективноста во општеството е да се привлече внимание и да се направат што поголеми штети, со биолошки орудија, нуклеарни и валкани бомби насочени кон западните финансиски и политички центри на моќ, но и во регионот и источна Европа.
„Македонија може да стравува од такви радикални поединци коишто прифаќаат радикални идеи, како што е недоброто читање на религиските книги. Може да стравува од мафијата, односно мрежите на криминалци, коишто на секој начин ќе се обидат да го свртат вниманието на некои други работи, а не на она што тие сакаат да го прават како шверцот на дрога, цигари, алкохол, жени, оружје и сл, значи оние што би манипулирале со некакви радикални елементи заради свој интерес. И може да стравуваме од оние служби на безбедност коишто би користеле на пример терористички акции или напади, или дејствија блиски до тероризмот за свои политички цели. На пример за сменување од власт на некоја политичка елита. Тие се трите елементи кои се најголема и најсериозна закана за Балканот, за сите држави на Балканот“,
Според него, Македонија која е на страната на Западната Алијанса, ЕУ, САД и НАТО, е потенцијална мета на терористичките напаѓачи кои имаат поинаква идеологија и размислување
Сеуште борбата против тероризмот во нашиот регион е сведена на Евроатланската поддршка, што значи посебна поддршка на Американската разузнувачка служба, а од друга страна тоа зависи од националните безбедносни ресурсиГоран Илиќ, професор на Правниот факултет на Универзитетот во Битола