Македонски и француски фармери ќе соработуваат во областа на земјоделството и сточарството. Како до подобар квалитет на млекото, е проектот на кој ќе се работи наредниот период.
Зголемување на производството на млеко и млечни производи и подобрување на нивниот квалитет се примарните цели на проектот кој наредниот период заеднички треба да го реализираат Организацијата на француски земјоделци и меѓународен развој - АФДИ од Нормандија, Франција Федерацијата на фармери во Македонија и тетовска Млекара.
Овој проект е финансиран од средствата за децентрализација и соработка меѓу Долна Нормандија, Република Франција и Република Македонија, во областа на земјоделството и сточарството. Идејата на проектот е преку негова практична примена да се согледаат состојбите во млекопроизводството во Полошкиот и другите региони во Македонија, а непосредните контакти и соработка да се даде придонес во зголемувањето на производството на еколошки исправна и поевтина добиточна храна што од друга страна ќе обезбеди константно висок квалитет на млекото.
За сето тоа има иделни природни и други услови, потенцираше, Жан-Пјер Бурбан, одговорен на Комисијата на Организацијата на француски земјоделци и меѓународен развој за Балканот.
„Нашата мисија се одвива со цел да размениме идеи и мислења и да воспоставиме евентуална соработка со Македонија, да размениме мислења конкретно со македонските земјоделци ние како француски земјоделци особено во доменот на млекопроизводството и млечната индустрија. Млекопроизводството наскоро ќе се соочи со прифаќање на европските норми и стандарди, а тоа ќе значи уште поголема работа не само за самите земјоделци туку и за млекопроизведувачите.“
Како пример за модернизација на производствените капацитети во насока на подбрување на квалитетот на млекото, а со примена на еко стандардите и на критериумите од хасап системот, АД Млекара од Тетово од Федерацијата на фармери на Македонија е избрана за учество во
реализацијата на споменатиот заеднички проект. Директорот на тетовската млекара, Горан Николоски појаснува дека по начинот и вискиот квалитет на производството на млеко се обидуваат што повеќе да им се доближат на европските производители.
„Овој проект се сведува на тоа да преку едукација и размена на искуства им доловиме на нашите кооперанти, на нашите фармери во Македонија како да постигнат поквалитетно млеко и поголеми количини, односно како да произведеме во Македонија млеко со европски квалитет.“
Заедничкиот проект за зголемување на производството на млеко и подобрување на неговиот квалитет со намалување на трошоците на работењето, ќе биде реализиран до октомври 2013 година.
Да размениме мислења конкретно со македонските земјоделци ние како француски земјоделци особено во доменот на млекопроизводството и млечната индустрија.Жан-Пјер Бурбан, одговорен на Комисијата на Организацијата на француски земјоделци.
Овој проект е финансиран од средствата за децентрализација и соработка меѓу Долна Нормандија, Република Франција и Република Македонија, во областа на земјоделството и сточарството. Идејата на проектот е преку негова практична примена да се согледаат состојбите во млекопроизводството во Полошкиот и другите региони во Македонија, а непосредните контакти и соработка да се даде придонес во зголемувањето на производството на еколошки исправна и поевтина добиточна храна што од друга страна ќе обезбеди константно висок квалитет на млекото.
За сето тоа има иделни природни и други услови, потенцираше, Жан-Пјер Бурбан, одговорен на Комисијата на Организацијата на француски земјоделци и меѓународен развој за Балканот.
„Нашата мисија се одвива со цел да размениме идеи и мислења и да воспоставиме евентуална соработка со Македонија, да размениме мислења конкретно со македонските земјоделци ние како француски земјоделци особено во доменот на млекопроизводството и млечната индустрија. Млекопроизводството наскоро ќе се соочи со прифаќање на европските норми и стандарди, а тоа ќе значи уште поголема работа не само за самите земјоделци туку и за млекопроизведувачите.“
Овој проект се сведува на тоа да преку едукација и размена на искуства им доловиме на нашите кооперанти, на нашите фармери во Македонија како да постигнат поквалитетно млеко и поголеми количини.Горан Николоски, директор на тетовската млекара.