Достапни линкови

Процес против млекарот Душко?


Приведување на фармерот од Битола Душко Илиевски поради наводно одгледување марихуана, минатата година.
Приведување на фармерот од Битола Душко Илиевски поради наводно одгледување марихуана, минатата година.

Иако од поднесувањето на кривичната пријава до денес помина една година, судскиот процес против млекарот Душко, започна пред неколку дена.

Долг судски процес се очекува за млекарот од Битола, Душко Илиевски со негововиот брат Цане и татко му Томе обвинети од полицијата дека одгледувале марихуана на нивната нива со компири во Битолско поле. Од поднесувањето на кривичната пријава до денес помина една година, а судскиот процес започна пред неколку дена. По првото рочиште, второто е
Се чувствувам прав, чесен, ова беше притисок од власта и продолжуваат да ме притиснуваат. Имам добра одбрана, ќе ги соборам, немаат никакви докази, докажав дека има пак самоника марихуана по нивите. Имам сведоци кои ќе ги предложам на суд. Мислам дека немаат никакви докази за да ме осудат.
закажано за крајот на летото. За време на судењето се очекува да бидат ислушани повеќе сведоци предложени и од обвинителството и од одбраната. До сега изјава дадоа само двајца инспектори по дрога кои учествувале при акцијата на корнење на стеблата од нива на Илиевски. Тие тврдеа дека се работи за марихуана, а Илиевски останаа на првичните изјави дека тоа е самоника трева, а ова е притисок од власта заради критиките на млекарот за време на аферата „Сведмилк“.

„Се чувствувам прав, чесен, ова беше притисок од власта и продолжуваат да ме притиснуваат. Имам добра одбрана, ќе ги соборам, немаат никакви докази, докажав дека има пак самоника марихуана по нивите. Имам сведоци кои ќе ги предложам на суд. Мислам дека немаат никакви докази за да ме осудат“, вели Душко Илиевски.

Минатото лето полицијата од нивата на Илиевски откорна 207 стебла и обвини дека се работело за канабис сатива. Фамерите пак тврдеа дека се работи за самоникната дива марихуана која ја има низ цело Битолско поле. Тие и ова лето пријавија дека ја има по нивите. Одбраната најави дека ќе побара ново вештачење и дека симптоматично е тоа што растенијата биле корнети. При тоа не биле виканти сведоци, а извештајот бил напишан пола на нива, пола в полиција. Освен оваа пријава, против Душко беа поднесени уште неколку други за навреда на премиерот, поседување на оружје, упад во кабинетот на градоначалникот и друго. Сите овие по протестите за млекарницата „Сведмилк“, која на фармерите не им го исплати предаденото млеко.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG