Политика во новинарството

Новинарите треба да работат во интерес на јавноста, а не на политичарите, порача претставникот на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ
Новинарите треба да работат во интерес на јавноста а не на политичарите, порача претставникот на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, по неколкудневната посета на Македонија по повод се посилните воочувања дека состојбата со слободата на медиумите во земјава е загрижувачка што беше регистрирано во извештаите на релевантните меѓународни органиации и институции и нотирана како најсериозен проблем во овогодинешниот извештај на ЕК за напредокот на земјава.
Она што загрижува е што можеби сме дошле во фаза во која можеби не се сфаќаат критиките сериозно. Во последно време се појавува измислен непријател кој кова заговор против Македонија и таа клима е проблематична и треба да се работи против таквата клима.
Здравко Савески, политиколог.

Обидите да се надмине проблемот преку дијалог со Владата засега го остава отворено прашањето на ефектите со оглед на начинот на којшто почнува да се гледа на забелешките коишто доаѓаат од Европа, посочува политиколог Здравко Савески.

„Она што загрижува е што можеби сме дошле во фаза во која можеби не се сфаќаат критиките сериозно. Во последно време се појавува измислен непријател кој кова заговор против Македонија и таа клима е проблематична и треба да се работи против таквата клима.“

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.


Аналитичарот Ибрахим Мехмети се надева дека залагањата на ОБСЕ, на кои ќе мора да им одговори и волјата на властите да го сменат односот кон медиумите, но и зајакнатата свест кај новинарите и нивната волја да го сменат односот кон политиката, ќе даде резултати, иако како што вели, во создадените поделби меѓу новинарите коишто ги следат политичките линии нема да биде толку лесно да се постигне тоа.
Мислам дека медиумите пред неколку години не беа проблем во Македонија колку што јас се сеќавам. Тие не се проблем само во Македонија, туку во целиот регион на Западен Балкан. Така што мислам дека тоа прашање ќе се реши. Европската комисија и земјите членки тоа ќе го следат и ќе нудиме помош.
Ален Бергант, Амбасадор на Словенија во Македонија.

„Кога би имале некоја согласност за основните нивни потреби и позиции, тогаш би било полесно новинарите да преземат некаква активност“, изјави Мехмети.

ЕУ ќе ја следи состојбата и ќе очекува конкретни резултати поврзани со слободата на медиумите во земјата до следниот извештај за напредокот, порачува во неделното интервју на Радио Слободна Европа, амбасадорот на Република Словенија во Скопје, Ален Брајан Бергант.

„Мислам дека медиумите пред неколку години не беа проблем во Македонија колку што јас се сеќавам. Тие не се проблем само во Македонија, туку во целиот регион на Западен Балкан. Така што мислам дека тоа прашање ќе се реши. Европската комисија и земјите членки тоа ќе го следат и ќе нудиме помош.“

Во крајна линија, како што посочуваат соговорниците, јасно е дека слободата на медиумите е одраз на степенот на демократијата во земјата, но и креатор на демократијата, па она што е видливо во земјава е што истовремено се појавува падот на опшата слика на демократијата и на слободата на медиумите.