Недостигот од правна рамка, притисоците и поделбите меѓу новинарите, најпроблематични области во однос на слободата на медиуми, посочи Мијатовиќ.
Недостиг на правна рамка, восопоставување на реформи на јавниот радиодифузен сервис и во Советот за радиодиодифузија, како и непостоењето на единство меѓу новинарите се најпроблематичните области во однос на слободата на медиумите, кои ги потенцираше претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ при нејзината посета на земјава. Мијатовиќ порача дека граѓаните, политичарите, новинарите и сопствениците на медиумите треба да
сфатат дека и служат на јавноста, а не на политиката. Проблем е и тоа што новинарите се делат меѓу себе во однос на нивниот политички интерес и таа поларизација е деструктивна и е еден од најголемите проблеми во општеството.
„Исто така ја користам оваа прилика да ви се обратам на сите вас, ви се обраќам на вас новинарите, да се потсетите, да бидете повеќе ориентирани на јавноста, да ја информирате јавноста, а не да ги следите бизнис интересите и политичарите, треба да престанете да работите за нив. Треба да започнете да работите на враќањето на достоинството на вашата професија.“
Според Мијатовиќ и политичарите треба да сфатат дека не треба да им кажуваат на новинарите како да ја вршат својата работа и дека медиумите не се нивна јавна сопственост. Таа смета дека е неприфатливо да има 160 тужби за клевета и навреда против новинари во едно демократско општество.
„Ако властите навистина сакаат да покажат добра воља, дека итно е потребно да се направи нешто за да се подобри негативниот имиџ за слободата на медиумите во оваа земја,треба да се декриминализирира клеветата и навредата, што е можно поскоро.“
Механизмите кои ги користи ОБСЕ се демократски, но најсилното оружје кое го има Мијатовиќ вели дека е нејзиниот глас. Таа добила ветување од владата дека ќе работи на проблемите во медиумите.
„Јас ќе работам, но во насока на тоа да видам дали ветувањата се исполнуваат. Ако нема резултати повторно ќе реагирам. И да за можам да ви дадам информации, потребно е време, потребно е да ги видиме резултатите. Се надевам дека не само јас која соработувам со властите, и целото општество треба да соработка за подобрување на ситуацијата.“
Мијатовиќ порача дека за брзо време очекува резултати од работните групи на власта и медиумските здруженија, бидејќи нејзината цел е да помогне, но и да критикува ако нема напредок за елиминирање на негативните појави во медиумите.
Исто така ја користам оваа прилика да ви се обратам на сите вас, ви се обраќам на вас новинарите, да се потсетите, да бидете повеќе ориентирани на јавноста, да ја информирате јавноста, а не да ги следите бизнис интересите и политичаритеДуња Мијатовиќ, претставник за слобода на медиуми на ОБСЕ
сфатат дека и служат на јавноста, а не на политиката. Проблем е и тоа што новинарите се делат меѓу себе во однос на нивниот политички интерес и таа поларизација е деструктивна и е еден од најголемите проблеми во општеството.
„Исто така ја користам оваа прилика да ви се обратам на сите вас, ви се обраќам на вас новинарите, да се потсетите, да бидете повеќе ориентирани на јавноста, да ја информирате јавноста, а не да ги следите бизнис интересите и политичарите, треба да престанете да работите за нив. Треба да започнете да работите на враќањето на достоинството на вашата професија.“
„Ако властите навистина сакаат да покажат добра воља, дека итно е потребно да се направи нешто за да се подобри негативниот имиџ за слободата на медиумите во оваа земја,треба да се декриминализирира клеветата и навредата, што е можно поскоро.“
Се надевам дека не само јас која соработувам со властите, и целото општество треба да соработка за подобрување на ситуацијатаДуња Мијатовиќ, претставник за слобода на медиуми на ОБСЕ