Промена на Европскиот Договор?

Францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел.

Лидерите на Европската унија на 12-часовните разговори во Брисел постигнале извесен напредок околу стратегијата за борба против должничката криза во еврозоната. Сепак, дали тоа конечно и ќе биде прифатено би требало да се знае откако евролидерите повторно ќе се состанат в среда.
Францускиот претседател Никола Саркози, по германското противење, го повлече неговиот предлог за неограничено користење на фондовите на Европската централна банка за справување со кризата.

Наместо тоа, еврозоната би можело да побара помош од растечките економии како Кина и Бразил.

„Би сакал да кажам дека станува збор за работи чија природа е многу комплексна. Тие се комплексни бидејќи бараат огромна сума пари и бидејќи во нив се инволвирани други партнери, посебно приватни со кои сакаме да се договориме врз доброволна основа“, изјави Саркози.


Изгледа дека европските банки ќе бидат принудени да најдат околу 108 милијарди евра во наредните шест до девет месеци со цел да се зацврсти банкарскиот систем.

Најнапаред, банките ќе мора да го подигнат капиталот од берзите пред да добијат помош од националните влади.

Претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј, изјави дека конечната одлука за рекапитализација на банките ќе биде донесена во наредниве денови.

„Сите се согласуваат дека ни треба координирана шема за рекапитализација на банките и за подобрување на нивното финасирање.“

Земјите со разнишани банки како Италија, Шпанија и Португалија не сакаат да прифатат такво нешто пред да биде зголемен европскиот фонд за помош и стабилизација.
Би сакал да кажам дека станува збор за работи чија природа е многу комплексна. Тие се комплексни бидејќи бараат огромна сума пари и бидејќи во нив се инволвирани други партнери, посебно приватни со кои сакаме да се договориме врз доброволна основа.

Од друга страна, и способноста на владите да ги поддржат банките исто така зависи од силата на европскиот фонд.

Останува уште многу работа и за справување со грчкиот долг кој сега изнесува скоро 200 отсто од бруто домашниот производ.

На грчкиот премиер Јоргос Папандреу му одговора секакво намалување на долгот по неколкудневните големи демонстрации во Атина.

„Се докажа сега дека кризата не е само грчка. Ова е европска криза. Време е како Европјани да дејствуваме решително и ефикасно“, изјави Папандреу.


Најголемото прашање што треба да биде решено в среда е како да се зголеми европскиот фонд за помош кој тешко дека ќе може да ги издржи ударите од големите економи како Италија и Шпанија.

Франција дури бара тој фонд да прерасне во банка, но за тоа ќе треба да се менува и договорот на Европската унија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека во Брисел се разговарало и за промената на Договорот, но додаде оти тоа може да се случи само доколку се согласат сите 27 земји членки.