Собраниската расправа треба да понуди одговори како да се надминат забелешките во извештајот на ЕК.
Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија кој наиде на различни реакции од власта и од опозицијата се најде во собраниска процедура. Документот многу подетално се разгледува и во надлежните комисии, а собраниската расправа треба да понуди одговори како во иднина да се надминат забелешките.
Од забелешките кои ги нотира извештајот се добива впечаток дека Македонија многу малку прави во делот на борбата против корупцијата, рече Цветанка Иванова од СДСМ од собраниската говорница за време на расправата за законот за спречување на судир на интереси. Таа праша зошто има голем процент на конфликт на интереси и непотизам, односно често вработување на роднини на функционери во државните институции и што ќе правиме во насока на забелешките од извештајот:
„Јас мислам дека пресериозни се забелешките оваа година за Антикорупциската комисија и тука треба не само со вакви бенингни измени да покажуваме дека макар и после две години сме постапиле по забелешките од извештајот, меѓутоа што ќе правиме во насока на забелешките кои ни се во извештајот, а во однос на делото што го имплементира овој закон.“
Препораките на кои области во иднина ќе треба да се работи се однесуваат на независноста на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата и медиумите. Во изминатите денови пратениците од опозициската СДСМ истакнаа дека единствената добра вест е дека во извештајот останува препораката за преговори. Радмила Шеќеринска изрази загриженост што придавката македонски повторно е изоставена.
Во ВМРО-ДПМНЕ оценија дека се задоволни што ЕК дала
позитивна оценка за направеното на полето на евроинтеграциите, а премиерот Груевски директно му се обрати на еврокомесарот Филе дека забелешките се пренагласени.
За разлика од него, вицепремиерката Теута Арифи изјави дека ние сами си го пишуваме извештајот и дека тој е наша реалност:
„Нема да дебатирам туку едноставно мислам дека е многу потребно да работиме заедно со ЕУ за да ги реализираме заедничките цели.“
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел, соопштувајќи ги препораките на ЕУ, изјави дека имаше мал напредок минатава година и оти главните предизвици остануваат, а нагласи оти клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името.
Што ќе правиме во насока на забелешките кои ни се во извештајот.
Цветанка Иванова, СДСМ.

Нема да дебатирам туку едноставно мислам дека е многу потребно да работиме заедно со ЕУ за да ги реализираме заедничките цели.Теута Арифи, вицепремиер за европски прашања.