Доколку предвидувањата се остварат и ако има инфлација, народот ќе осиромаши, предупредуваат упатените.
Од 2,2 отсто на половина процент. Во најдобар случај, намалените проекции за економски раст во Македонија на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе значат промени кои народот нема да ги почувствува, се согласуваат економските експерти кои ги консултиравме. Професор Ванчо Узунов вели дека во најдобар случај евентуалното
намалување на економскиот раст ќе значи дека стандардот на граѓаните ќе биде ист како лани:
„Нема да има никакво подобрување што е самото по себе неповолно и тоа зборувам во најдобар случај, доколку нема инфлација. Колку повеќе има инфлација, а нема раст на БДП тоа значи за граѓаните осиромашување, доведување на граѓаните во потешка положба така што е крајно неповолно.“
ЕБОР за догодина прогнозира раст од 2,5 проценти. На краток рок тоа не е доволно за забележителни разлики во стандардот на граѓаните, смета Узунов:
„2,5 отсто е раст кој што може да се почувствува како разлика на многу долг период, 20 години да речеме, инаку на краток рок, четири-пет години тоа е недоволно за да се почувствува било што во стандардот на граѓаните. За да се почувствува треба многу повисока стапка, 6,7,8 отсто.“
Д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека намалените проекции може да се интерпретираат како ризик за намалување на влезот на странски капитал во Македонија.
„Финансиите од странство ќе се намалат и тоа ќе влијае врз оваа проекција на стапката на раст. Што значи тоа? Пред се најважно е дека тоа мора да има негативен ефект на и онака големата стапка на невработеност која ќе биде под дополнителен притисок и тоа е клучниот проблем.“
Проекциите се доста ризични бидејќи се основани на не многу сигурни очекувања, вели Глигоров.
„Бидејќи оваа криза во Европа се развива и не е до крај јасно каков ефект ќе има и кој ќе облици ќе заземе, така што тоа е претпоставувам една оценка за тоа како работите можат да се движат.“
Инаку, во најновиот извештај на Европската банка е ревидирана проекцијата за економски раст на економиите во Европа од 3,7 на 3,5 отсто.
Колку повеќе има инфлација, а нема раст на БДП тоа значи за граѓаните осиромашување, доведување на граѓаните во потешка положба така што е крајно неповолно.Ванчо Узунов, универзитетски професор.
намалување на економскиот раст ќе значи дека стандардот на граѓаните ќе биде ист како лани:
„Нема да има никакво подобрување што е самото по себе неповолно и тоа зборувам во најдобар случај, доколку нема инфлација. Колку повеќе има инфлација, а нема раст на БДП тоа значи за граѓаните осиромашување, доведување на граѓаните во потешка положба така што е крајно неповолно.“
ЕБОР за догодина прогнозира раст од 2,5 проценти. На краток рок тоа не е доволно за забележителни разлики во стандардот на граѓаните, смета Узунов:
„2,5 отсто е раст кој што може да се почувствува како разлика на многу долг период, 20 години да речеме, инаку на краток рок, четири-пет години тоа е недоволно за да се почувствува било што во стандардот на граѓаните. За да се почувствува треба многу повисока стапка, 6,7,8 отсто.“
Финансиите од странство ќе се намалат и тоа ќе влијае врз оваа проекција на стапката на раст. Што значи тоа? Пред се најважно е дека тоа мора да има негативен ефект на и онака големата стапка на невработеност.Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.