Оние кои не успеаа да ги легализираат дивоградбите во предвидениот рок, сега најверојатно ќе мора да плаќаат пенали - предвидуваат предлог законските измени.
Ако не ја легализиравте дивоградбата ќе мора да плаќате пенали и евентуално имотот може да ви биде конфискуван. Така барем се предлага со новите измени на Законот кој освен тоа што се во собраниска процедура, се најдоа и пред Уставниот суд. Измените создаваат закон кој
не го почитува уставното начело на хуманост, смета правниот експерт Осман Кадриу:
„Со спроведувањето на овие закони со присилни мерки навистина се закони со кои настапува сериозна штета, енормно високи штети, а да се прави штета не е одлика на демократските земји.“
Се поставува и прашањето дали целата легислатива е составена од фер одредби? Имено, колку е коректно да се даваат поволности за лицата кои изградиле довоградби пред оние кои легално граделе и платиле повисоки суми. Дополнителна дилема која произлегува од предложените измени е дали настанува дискриминација на оние кои можат да платат за легализација пред оние кои немаат пари за да ја дотераат до крај законската обврска? Вреди да се спомене дека освен откупот за евро по квадрат, сопствениците на дивоградби мора да одвојат и пари за геодети, премерување и слично. Ако вака се продолжи, дел од граѓаните секако се доведуваат во нерамноправна положба, смета Кадриу:
„И со самиот тој факт што се доведуваат во една таква положба, можеме да зборуваме дека ќе се забележи појава на дискриминација.“
Еве една илустрација за значењето на предложените промени во Законот. Ако сте сопственик на нелегализирана дивоградба чија вредност се проценува на 100.000 евра, месечно ќе бидете принудени да плаќате пенали од 3 проценти од вредноста, или поточно казни од 3.000 евра секој месец. Останува нејасно која е целта на ваквите казни и дали тие би придонеле за борба против урбаниот криминал и корупцијата?
Поранешниот член на антикорупциската комисија Ариф Mуса вели дека ако власта сака да ја спречи корупцијата во урбаниот сектор, не смее да дозволи изградба на нови дивоградби:
„Меѓутоа да не се повтори ова со казните, не верувам дека ќе се постигне целта. Треба институциите на државата, значи тие што даваат дозволи во Министерството за транспорт или во општинските сектори за урбанизам, треба да го почитуваат законот и да не даваат воопшто дивоградби.“
Со друг дел од предложените измени се предвидува и дека доколку еден дел од објектот е дивоградба, легалниот ќе оди под залог кај државата, сé до комплетна легализација, а во спротивно, по три години ќе биде конфискуван.
Со спроведувањето на овие закони со присилни мерки навистина се закони со кои настапува сериозна штета, енормно високи штети, а да се прави штета не е одлика на демократските земји.Осман Кадриу, универзитетски професор.
не го почитува уставното начело на хуманост, смета правниот експерт Осман Кадриу:
„Со спроведувањето на овие закони со присилни мерки навистина се закони со кои настапува сериозна штета, енормно високи штети, а да се прави штета не е одлика на демократските земји.“
Се поставува и прашањето дали целата легислатива е составена од фер одредби? Имено, колку е коректно да се даваат поволности за лицата кои изградиле довоградби пред оние кои легално граделе и платиле повисоки суми. Дополнителна дилема која произлегува од предложените измени е дали настанува дискриминација на оние кои можат да платат за легализација пред оние кои немаат пари за да ја дотераат до крај законската обврска? Вреди да се спомене дека освен откупот за евро по квадрат, сопствениците на дивоградби мора да одвојат и пари за геодети, премерување и слично. Ако вака се продолжи, дел од граѓаните секако се доведуваат во нерамноправна положба, смета Кадриу:
„И со самиот тој факт што се доведуваат во една таква положба, можеме да зборуваме дека ќе се забележи појава на дискриминација.“
Еве една илустрација за значењето на предложените промени во Законот. Ако сте сопственик на нелегализирана дивоградба чија вредност се проценува на 100.000 евра, месечно ќе бидете принудени да плаќате пенали од 3 проценти од вредноста, или поточно казни од 3.000 евра секој месец. Останува нејасно која е целта на ваквите казни и дали тие би придонеле за борба против урбаниот криминал и корупцијата?
Меѓутоа да не се повтори ова со казните, не верувам дека ќе се постигне целта.Ариф Mуса, поранешен член на Антикорупциска комисија.