Косово - и натаму блокади

Речиси три месеци, етничките Срби ги блокираат главните патишта за да ја попречат контролата врз граничните премини од страна на косовските власти и КФОР. КФОР ги предупреди Србите од северно Косово да ги тргнат барикадите до крајниот рок кој истекува денеска, бидејќи доколку тие не го сторат тоа, војниците ќе бидат принудени да дејствуваат.
Бесим Хоти, портпаролот на полицијата во Митровица, во изјавата за Радио Слободна Европа, вели дека на барикадите во понеделникот, меѓу другите, имало и жени, деца и стари луѓе.
На барикадата кај селото се стотици граѓани, вклучувајќи и деца, жени и стари луѓе. Тие се уште се во предниот дел на барикадите во случај на итнервенција на КФОР и ЕУЛЕКС.
Бесим Хоти, портпарол на полицијата во Митровица.

„На барикадата кај селото се стотици граѓани, вклучувајќи и деца, жени и стари луѓе. Тие се уште се во предниот дел на барикадите во случај на итнервенција на КФОР и ЕУЛЕКС“, рече Хоти.

КФОР на граѓаните на северот на Косово им даде повеќе време за да се отстранат барикадите поради кои е попречено снабдувањето на граничните премини.

Еден од лидерите на Србите во северниот дел, Милан Ивановиќ, изјави дека е технички невозможно да се отстранат барикадите, додавајќи дека за тоа ќе биде донесена одлука на средба на локалните Срби. Тој побара да се одложи одлуката на КФОР до утре.

„Се надевам дека сепак КФОР ќе чека Србите да донесат одлука и да одговорат на овие барања на легитимен начин“, рече Ивановиќ, најавувајќи Собрание на Србите од северниот дел на Косово за во среда.

Тој додаде дека може да се очекува масовно присуство на луѓе на барикадите.

За сега, кај српската заедница се уште не се забележува подготвеност да се отстрани барикада, додека КФОР во понеделникот не сакаше да коментира какви ќе бидат следните чекори.

Во соопштението на КФОР од неделата, пак, се вели дека се цени тоа што општинските власти Лепосавиќ, Северна Митровица, Зубин Поток и Звечан сакаат да отворат патишта за снабдување на КФОР војници на портите 1 и 31 и камп „Нотинг Хил“.