Пациентите, болни од рак критикуваат дека битолската болница штеди на една од најранливите категории на болни набавувајќи застарен и поевтин лек.
Дваесет дена болните од канцер на коски во Битола одбиваат да ја примат терапијата зашто болницата на тендер им набавила друг лек.
Пациентите велат дека пет години се лекуваат со бондронат, кој е еден од најновите лекови за овој вид на канцер и дава видни резултати, а сега е набавен постар и понеефикасен лек бонефост.
„Тврди управата дека бонефостот и бондронатот се исти. Нека ни дадат документ дека е исти лек да можеме да ги предложиме да добијат Нобелова награда. Лекот што го даваат сега, бонефостот е повеќе од 30 години застарен лек. Лекарите велат немаме таков лек, можеме да ви дадеме од овој. Можете, но дали ефектот ќе биде ист. За тоа не можам да ви гарантирам, јас сако требаше ќе ви го препишев тој лек на почеток, вели лекарот. И сега се бориме, има 21 ден пацинети кои немаат примено бондронат. И нема да примиме терапија се додека оди тој лек“, вели Васко Наумовски.
Пациентите критикуваат дека со набавката на другиот лек кој е поевтин болницата штеди на една од најранливите категории на болни. Воедно велат дека и друг пат имало проблеми со замена на лекови, иако Центарот за онкологија во Битола е регионален и тука се лечат над 350 болни.
„Зошто трн во око е онкологија. Овој лек го има и во Прилеп и во Скопје. Ние болните зошто да се малтретираме да одиме по градови и од таму да се враќаме мртви. Не е првпат, не му е втор пат за многу работи се случува. Што му е работата со онкологија не знам“, вели Калиопа Натева.
„Причината за смената на лекот е цената. Бонефосот е двојно поевтин околу 9000, а бондронотот е 19 800 денари“, вели Илинка Николовска.
Од битолската болница останаа без коментар на ваквата ситуација. Директорката Јованка Бекташеска беше на службен пат, а телефонот и беше недостапен.
Лекот што го даваат сега, бонефостот е повеќе од 30 години застарен лек. Лекарите велат немаме таков лек, можеме да ви дадеме од овој. Можете, но дали ефектот ќе биде ист.Васко Наумовски, пациент.
Пациентите велат дека пет години се лекуваат со бондронат, кој е еден од најновите лекови за овој вид на канцер и дава видни резултати, а сега е набавен постар и понеефикасен лек бонефост.
„Тврди управата дека бонефостот и бондронатот се исти. Нека ни дадат документ дека е исти лек да можеме да ги предложиме да добијат Нобелова награда. Лекот што го даваат сега, бонефостот е повеќе од 30 години застарен лек. Лекарите велат немаме таков лек, можеме да ви дадеме од овој. Можете, но дали ефектот ќе биде ист. За тоа не можам да ви гарантирам, јас сако требаше ќе ви го препишев тој лек на почеток, вели лекарот. И сега се бориме, има 21 ден пацинети кои немаат примено бондронат. И нема да примиме терапија се додека оди тој лек“, вели Васко Наумовски.
Причината за смената на лекот е цената. Бонефосот е двојно поевтин околу 9000, а бондронотот е 19 800 денари.Илинка Николовска, пациент.