Залудно потрошени пари и огромна политичка штета. Експертите велат дека надлежните мора да одговараат за неуспешниот попис.
За неуспешниот попис одговорност треба да понесат и законодавната и извршната власт. Домашните аналитичари велат дека земјава претрпува голема политичка и финансиска штета, за што надлежните мора да одговараат.
Политикологот Алберт Муслиу укажува дека целиот процес беше од старт политизиран и избрзан. На детаљите не се внимаваше, а сето тоа резултираше со фијаско, вели Муслиу.
„Кај албанските политички партии и кај албанската јавност имаше најави од почеток дека секоја тенденција да се исклучи голем дел од популацијата, ќе биде одбиена и второ не се најде сила тие препукувања кои беа да се амортизираат и целиот процес да биде потранспарентен.“
Директорот на Институтот за политички истражувања, Владимир Божиновски, пак, вели дека пописот почнал, зошто надлежните органи не лоцирале проблеми поради кои не би требало истиот да почне. На Балканот, вели Божиновски, пописот не може да биде статистичка операција, зошто добива етнички предзнак и на тој начин се политизира.
„Пописот секогаш има определена политичка заднина токму поради тој етнички момент тие контроверзи ги следат пописите уште многу одамна.“
Иако пописот започна со технички проблеми, надлежните уверуваа дека истите ќе се решаваат во од. Операцијата која заврши со оставка на сите членови на Државната пописна комисија, за политиколозите е големо разочарување и неуспех за кој одговорноста треба да ја понесат сите кои беа вклучени во процесот.
„Не може да се амнестираат ниту пратениците затоа што донеле закон кој многумина различно го толкуваат. Од друга страна, извршната власт секако има своја одговорност затоа што го организираше целиот процес и трето сите политички актери кои ја формираа комисијата“, вели Муслиу.
За Божиновски, пак, подобро е тоа што пописот се стопирал сега. На тој начин се избегнало спроведувањето на една операција, чии резултати на крај би биле нерелевантни и катастрофални за натамошните социо-економски проекции.
„Поарно сега да имаме проблем, отколку после да имаме проблем, заради тоа што после последиците ќе бидат несогледливи, ако се завршеше пописот со пропусти, со нерелевантни резултати, се потрошеа тогаш сите пари и на крај ние ќе немавме ништо што би ја остварило целта на самиот попис како статистичка операција.“
Од Заводот за статистика објаснија дека една од главните причини да се запре пописот била различната примена на методологијта, пред се на оние членови кои дефинираат кои се лицата што треба да се попишуваат и кои се лицата кои не треба да се попишуваат.
За спроведување на пописот, од буџетот беа одобрени вкупно 14 милиони евра. Се уште не се знае колку пари се потрошија за досегашното спроведување на оваа операција.
Не може да се амнестираат ниту пратениците затоа што донеле закон кој многумина различно го толкуваат. Од друга страна, извршната власт има своја одговорност затоа што го организираше целиот процес и трето сите политички актери кои ја формираа комисијата.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Политикологот Алберт Муслиу укажува дека целиот процес беше од старт политизиран и избрзан. На детаљите не се внимаваше, а сето тоа резултираше со фијаско, вели Муслиу.
„Кај албанските политички партии и кај албанската јавност имаше најави од почеток дека секоја тенденција да се исклучи голем дел од популацијата, ќе биде одбиена и второ не се најде сила тие препукувања кои беа да се амортизираат и целиот процес да биде потранспарентен.“
Директорот на Институтот за политички истражувања, Владимир Божиновски, пак, вели дека пописот почнал, зошто надлежните органи не лоцирале проблеми поради кои не би требало истиот да почне. На Балканот, вели Божиновски, пописот не може да биде статистичка операција, зошто добива етнички предзнак и на тој начин се политизира.
„Пописот секогаш има определена политичка заднина токму поради тој етнички момент тие контроверзи ги следат пописите уште многу одамна.“
Иако пописот започна со технички проблеми, надлежните уверуваа дека истите ќе се решаваат во од. Операцијата која заврши со оставка на сите членови на Државната пописна комисија, за политиколозите е големо разочарување и неуспех за кој одговорноста треба да ја понесат сите кои беа вклучени во процесот.
„Не може да се амнестираат ниту пратениците затоа што донеле закон кој многумина различно го толкуваат. Од друга страна, извршната власт секако има своја одговорност затоа што го организираше целиот процес и трето сите политички актери кои ја формираа комисијата“, вели Муслиу.
Пописот секогаш има определена политичка заднина токму поради тој етнички момент, тие контроверзи ги следат пописите уште многу одамна.Владимир Божиновски,
Директорот на Институтот за политички истражувања.