Околу три илјади социјално загрозени граѓани по разни основи ќе добиваат социјални пакети од локалната самоуправа во Куманово.
Одредени се по 1.200 денари месечно за подмирување на режиските трошоци, но и за минимален обид за враќање на достоинството на невработените, стечајците, технолошки вишок и останатите социјалци. Виктор Цветковски, претседател на општинскиот Совет објаснува дека со ова Куманово ќе биде прва општина во државава која ќе воведе вакви мерки и додава дека ова е еден од покрупните општински проекти:
„Социјалниот пакет се проектира да изнесува илјада до илјада и 200 денари, за надмирување на сметките за режиските трошоци. Бенефитот е и за граѓаните и за општината и во еден дел ќе се подигне финансиската состојба на претпријатијата. Имавме средба и со стечајните работници, тука сигурно се неколку категории социјални случаи. Овие анализи се подготвуваат и ќе биде ставено во еден правилник кој ќе помине со одлука на Советот, врз основа на тие критериуми да бидат издвоени средства од буџетот на Општината.“
„Факт е дека буџетот на Општината Куманово е многу мал во однос на потребите на граѓаните, но да се обидеме да излеземе во пресрет на оваа категорија граѓани. Секако ова треба да се надградува, иако не се надлежности на локалната смаоуправа, но во овој момент општината ќе го направи. Понатаму проектот сигурно ќе покаже одредени слабости, но ќе видиме како ќе биде прифатен.“
Цветковски додава дека и кумановските пензионери секој четврток ќе имаат бесплатен превоз, за што веќе било разговарано со автопревозниците. Стечајците, пак, секојдневно ќе имаат бесплатен превоз.
Стечајците од Здружението УНИТ од Куманово сметаат дека за нив ова е една мала светла точка во нивните животи, а Љиљана Ѓорѓиевска додава:
„Ова не е премија, туку повеќе од тоа. Ќе бидеме во можност да си го вратиме достоинството и да бидеме лојални граѓани.“
„Бидејќи ние сме навикнале да трошиме најрационално и економично вода и струја, за ѓубрарината таксата е колку за сите, но се надевам дека нема да има проблем.“
Со оглед на тешката егзистенцијална состојба на сиромашните граѓани, меѓу кои се и стечајците и технолошки и економски вишок, што ќе се случи доколку тие илјада и 200 денари бидат пренаменети за други витални потреби, а не за сметките за вода, Ѓорѓиевска вели:
„Бидејќи поголемиот дел од стечајците беа присутни на состанокот со граодначалникот мислам дека нема тоа да се случи. Доколку има такви случаи ќе биде неминовно да има санкции и наредниот месец да не добијат социјален пакет.“
Ѓорѓиевска додава дека стечајците кои се корисници на социјална парична помош се соочиле и со проблемот да не им биде исплатен паричен надоместок од Центарот за социјални работи за извесен период, како и средствата за средношколците чии родители се стечајци.
„Треба да се поведе сметка за оваа категорија граѓани бидејќи тоа им е единствен извор на егзистенција, односно да можат да купат вреќа брашно или нешто друго“, вели Ѓорѓиевска.
Социјалниот пакет се проектира да изнесува од 1.000 до 1.200 денари, за надмирување на сметките за режиските трошоци. Бенефитот е и за граѓаните и за општината и во еден дел ќе се подигне финансиската состојба на претпријатијата.Виктор Цветановски, претседател на Советот на општина Куманово.
РСЕ: Дали тоа е долготрајно или времено решение?
„Факт е дека буџетот на Општината Куманово е многу мал во однос на потребите на граѓаните, но да се обидеме да излеземе во пресрет на оваа категорија граѓани. Секако ова треба да се надградува, иако не се надлежности на локалната смаоуправа, но во овој момент општината ќе го направи. Понатаму проектот сигурно ќе покаже одредени слабости, но ќе видиме како ќе биде прифатен.“
Цветковски додава дека и кумановските пензионери секој четврток ќе имаат бесплатен превоз, за што веќе било разговарано со автопревозниците. Стечајците, пак, секојдневно ќе имаат бесплатен превоз.
Стечајците од Здружението УНИТ од Куманово сметаат дека за нив ова е една мала светла точка во нивните животи, а Љиљана Ѓорѓиевска додава:
„Ова не е премија, туку повеќе од тоа. Ќе бидеме во можност да си го вратиме достоинството и да бидеме лојални граѓани.“
РСЕ: Дали ќе бидат доволни тие пари за подмирување на режиските трошоци?
„Бидејќи ние сме навикнале да трошиме најрационално и економично вода и струја, за ѓубрарината таксата е колку за сите, но се надевам дека нема да има проблем.“
Ова не е премија, туку повеќе од тоа. Ќе бидеме во можност да си го вратиме достоинството и да бидеме лојални граѓани.Љиљана Ѓорѓиевска, претседател на здружението на стечајци УНИТ.