Заштита на детските права

Околу илјада деца претежно од ромска националност питачат низ улиците.

„Местото на децата не е на улица - да ги заштитиме детските права“ е темата на регионалната работилница што се одржува во Скопје.
Питачењето не е толку проблем на криминалното поведение, колку што е резултат на социјално економските состојби во која се наоѓа таа ранлива група на граѓаните, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на регионалната работилница „Местото на децата не е на улица - да ги заштитиме детските права“. Според Јанкулоска полицијата има простор само да делува во откривањето на експлоатацијата на децата и нивната изложеност на опасност на улиците.

„Сузбивањето на оваа појава во која има мошне ранливата категорија на деца претежно од ромска националност, треба да биде резултат на посеопфатни институционални активности.“

Сузбивањето на оваа појава во која има мошне ранливата категорија на деца претежно од ромска националност, треба да биде резултат на посеопфатни институционални активности.
Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски вели дека потребни се сериозни заложби за елиминарање на оваа негативна појава во општеството. Заводот за социјални дејности ќе работи на програми за ресоцијализација со семјствата кај што има повторување на делото и ќе се отвори центар за рехаблитација на децата од улица.

x

„Кај најголем број од децата има проблем со нивната здравствена состојба, кај некои има проблем заради конзумирање на психотропни супстанци, но кај голем број од децата основниот проблем е тоа што по цел ден биле присутни на улица и постојано вдишувале издувни гасови од автомобилите.“

Кај најголем број од децата има проблем со нивната здравствена состојба, кај некои има проблем заради конзумирање на психотропни супстанци, но кај голем број од децата основниот проблем е тоа што по цел ден биле присутни на улица и постојано вдишувале издувни гасови од автомобилите.
Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
Амбасадорката Наталија Дрозд вели дека согласно извештаите ромската заедница е најзасегната со проблемот со децата на улица, а вкупната бројка изнесува околу илјада деца и таа нема тенденција на намалување и покрај акциите кои се спроведуваат.

„Недостасува соодветна социјална грижа, вклученоста на ромските деца во формалното образование е ограничена, а згора на тоа резолуција на Европскиот Парламент во извештајот за напредокот во 2009 година ја потенција потребата за поенергични залагања за подобрување на состојбата на жените и децата од ромската заедница.“

Претставникот на УНИЦЕФ, Шелдон Јет вели дека иако луѓето знаат дека питачењето е проблем, многу од нив имаат погрешна претстава дека децата немаат семејство. Напротив сиромаштијата најчесто е поврзана со питачењето.

„Најдобар интерес на децата е тие да останат во нивните семејства.“

Министерството за внатрешни работи и труд и социјална политика помогнати од ОБСЕ ќе одржат во наредниот период уште две работилници на истата тема.