И покрај податоците дека се почесто се трошат народни пари за јавни набавки во „четири очи“, надлежните институции, не реагираат.
Зголемениот број на јавни набавки во четири очи создаваат сомнеж за несоодветно трошење на народните пари, а институциите веќе традиционално не реагираат на овие случувања и покрај укажувањата и соодветната легислатива. Вака накратко можат да се резимираат ставовите на експертите за податокот кој вчера го објави Центарот за граѓански комуникации, дека во првиот квартал од годинава биле потрошени дупло повеќе народни пари за јавни набавки без претходно објавен оглас во споредба со истиот период лани.
Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ вели дека институциите веќе традиционално не реагираат на овие случувања:
„Традиционално овие институции не реагираат и тоа е еден од големите проблеми кај нас, нереагирањето на институциите и непочитувањето на правилата за работење, пред се непочитување на законите и тоа колку влегува во сферата на доброто работење и доброто управување, навлегува и во сферата на владеење на правото.“
По закон треба да реагираат неколку институции, посочува Тасева:
„Пред се Бирото за јавни набавки кое треба да води контрола, зошто и какви набавки се тие кои што се прават со непосредни спогодби, затоа што во законот точно е определено што може да се прави со непосредно договарање и тука се разбира треба да се вклучи и Државната комисија за спречување на корупцијата која што има надлежност да го проверува начинот на водењето на набавките или трошењето на јавните пари и доколку има сомневања, тогаш треба да води постапка и Јавниот обвинител.“
Набавките во четири очи го загрозуваат кредибилитетот на власта во очите на граѓаните, вели поранешниот член на антикорупциската комисија, Ариф Нуса:
„Тука е сомнително многу и кредибилитетот и почитувањето на власта и сомнежот дека народните пари се злоупотребуваат. Значи, фрла црна дамка и врз секоја наредна власт и со тоа довербата на граѓаните за власта се губи на ваков начин.“
Постоечките законски решенија многу добро го регулираат процесот на набавките, смета Нуса:
„Ги задоволува сите потреби за јавните набавки значи нема недостаток само овој начин на набавки во четири очи, кажува уште еднаш дека нас ни недостасуваат законите, туку луѓето што треба да ги имплементираат.“
Инаку во резултатите од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации дополнително е утврдено и дека зголемен е бројот на поништени тендери. Индексот на рационалност, пак покажува дека цените за одредени производи во јавните набавки варираат од 22 до 450 проценти од утврдената просечна цена.
Традиционално овие институции не реагираат и тоа е еден од големите проблеми кај нас...Слаѓана Тасева, Транспарентност „Нулта корупција“.