Удри и бегај убиството на еден тинејџер за кое е обвинето криминалното подземје предизвика неколкудневни насилни протести низ Бугарија против ромската заедница, но и против владата која не успева да се справи со организираниот криминал. Станува збор за најголемите нереди во изминативе 15 години, односно од времето на економската криза и хиперинфалцијата во таа земја.
Стотици луѓе се уaпсени во неколкудневните протести кои избувнаа по загинувањето на деветнаесетгодишниот Ангел Петров, минатиот петок во близина на Пловдив.
Многу куќи и кафе-барови беа запалени, а полицијата мораше да спречува напади во квартови каде што живеат Роми кои, пак, почнале да организираат самоодбрана.
Премиерот Бојко Борисов се најде под удар на критиките дека не реагирал навремено за да ги спречи насилствата. Кон ова и опозицијата ги интензивира критиките дека премиерот ништо не презел да се справи со бугарското подземје.
За смртта на Петров, кој загина во сообраќајна несреќа, Бугарите го обвинуваат лидерот на ромскиот мафијашки клан, познат како Цар Киро. Апсењето на неговиот возач не ги смири обичните Бугари кои сметаат дека инцидентот води и до центарот на најголемите прашања со кои се соочува нивната земја: организираниот криминал и корупцијата, како и статусот на ромското малцинство.
„Досега не сме имале вакви расистички антиромски протести и тоа во толку многу градови“, вели за весникот Индипендент, Даниел Смилов од Центарот за либерални стратегии.
Бугарија се наоѓа на најголемите транзитни рути од Азија кон Европа, а тамошните власти се справуваат и со трговија на луѓе. Од приемот во ЕУ во 2007 година, на Бугарија времено и беа суспендирани големи средства од европските фондови поради загриженоста на Брисел за курупцијата во таа земја.
Често пати има и наводи за криминални бизнис врски на водечките политичари, како и за тоа дека полицијата врти глава од дејствувањето на мафијашкото подземје.
Ромската заедница изнесува меѓу 5 и 10 отсто од околу 7,5-милионската бугарска популација. Повеќето Роми се сиромашни, маргинализирани и живеаат надвор од економските и општетствени текови во земјата. Од друга страна, Бугарите ги обвинуваат за криминални активности.

Досега не сме имале вакви расистички антиромски протести и тоа во толку многу градови.Даниел Смилов, Центар за либерални стратегии.