Говор за „Состојбата во Унијата на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во неговиот говор за состојбата на Унијата денеска во Европскиот парламент во Стразбур изјави дека должничката криза е најголемиот прдизвик во историјата на ЕУ. Според Баросо, кризата може да се победи доколку Европа се конфронтира со предизвиците и ја врати довербата во еврото и Унијата во целина. Баросо порача дека за таа цел е потребна интегрирана економија и поголема унификација за да се избегне фрагментацијата во блокот.
Тој повика на креација на евро-обврзници кога еврозоната ќе биде целосно екипирана со инструменти кои ќе обезбедат интеграција и дисциплина. Баросо побара нов данок на финансиски трансакции, во обид да се соберат средства за справување со економската криза и да се ублажат потенцијалните ризични трансакции. Предлогот е веќе усвоен од Комисијата, но треба да мине и во земјите членки на ЕУ.
Грција ке остане во Еврозоната
Говорот доаѓа во период кога Европската унија се соочува со тешки економски проблеми поради должничката криза на неколку земји, од кои најмногу во Грција како и стравувањата за стабилноста на еврото, официјална парична единица во 17 од 27-те земји членки на ЕУ. Грција е и ќе остане членка на еврозоната изјави Баросо.
„Грција ќе мора да даде конкретни резултати и да престане со контрапродуктивните практики. Но да биде јасно. Ова не е спринт – ова е маратон.“
Грчкиот парламент синоќа го усвои контроверзниот закон за данок на имот, чија цел е да се зголеми приходот во буџетот на земјата погодена од тешката должничка криза.
Воведувањето на овој данок беше најавено неодамна, откако меѓународните инспектори ја одложија ревизијата на грчките реформи. Се очекува инспекторите да се вратат во Атина до крајот на неделава.
Грците со незадоволство ја примија најавата за воведување нов данок, затоа што тој ќе се плаќа преку сметките за електрична енергија, па на оние што ќе одбијат да платат им се заканува исклучување на струјата.

Ова не е спринт - ова е маратон за излез од кризата.