Позитивна листа, негативни искуства

Од први октомври на позитивната листа ќе се најдат лекови за кои пациентите ќе треба да издвојат минимална сума на пари.
Од први октомври на позитивната листа ќе се најдат околу 700 лекови за кои осигуреникот не треба да плати или треба да издвои од пет до најмногу 100 денари. Според најавите од Фондот за здравство утре во печатените медиуми ќе биде објавен комерцијален оглас со цел секој да ја има листата и да знае кои лекови може да ги добие.
Квотите на аптеките во Македонија вкупно се зголемија на две милијарди триста милиони денари што изнесува рекордно висок број сума на пари која се одвојува за примарната листа на лекови.
Бранко Аџигогов, Фонд за здравствено осигурување.

Осигурениците не се толку убедени дека лекови ќе може да добиваат само со рецепт и сино картонче.

„Зависи, некој можеби има потреба од поскапи лекови, а неможе да ги најде, секој посебно. Јас земам за мајка ми, околу три-четири илјади и одат и тоа многу скромно, ако се оди повеќе, колку што треба... пензијата и е седум илјади, сега можете да замислите.“

Често неизбежна појава е по првите денови од пристигнувањето на лековите, скопските аптеки кон средината на месецот да ги трошат последните резерви на лекови што пациентите можат да ги земат на рецепт. Имаше и случаи кога на влезните врати во некои аптеки веќе се истакнуваа соопштенија дека веќе не располагаат со лековите што се на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Од Фондот нагласуваат дека работеле напорно и убедени се дека овие проблеми се веќе избегнати.
И порано беа такви цените, не е ништо ново тоа. Со тие големи тендери што ги правевме во 2006, 2004, 2009 година имаше многу лекови што се поевтини од едно евро
Никола Пановски, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување

„Квотите на аптеките во Македонија вкупно се зголемија на две милијарди триста милиони денари што изнесува рекордно висок број сума на пари која се одвојува за примарната листа на лекови“, изјави Бранко Аџигогов.

Од Фондот велат дека е зголемен и бројот на лекови без никаква доплата од сегашните 238 со уште 61 лек.

Според поранешниот директор на Фондот, Никола Пановски, листата на лекови без доплата не е ништо ново.

„И порано беа такви цените, не е ништо ново тоа. Со тие големи тендери што ги правевме во 2006, 2004, 2009 година имаше многу лекови што се поевтини од едно евро.“

Според зборовите на Пановски, со право единствен критериум на Фондот при изборот на лековите треба да биде цената. Евентуалните лоши искуства, како што нагласува, треба да се пријавуваат во Бирото за лекови. Оваа недела актуелен беше проблемот со лек за леукемија:

„Да се каже овој лек е добар, овој не чини. Треба тоа да го напишат со аргуметни и да го пријават за Бирото понатаму да не го регистрира, ако не го пријавуваат и ако само шушкаат едни со други или вака на медиуми им се каже, тогаш нема како навистина да се тргне тој лек, дотогаш се купува поевтиниот.“

Пановски нагласува дека никој нема корист од тоа ако проблемот не се пријави.