Звуците на Чаршијата 2011

Со пијано рецитал на уметниците Зана Имери и Марија Вршкова, ќе започне шестото издание на манифестацијата ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА.
Од пладне до полноќ, во Капан ан, Мурат-пашината џамија, Куршумли ан и на уште неколку локации во старото градско јадро, ќе се одржи новото актуелно издание на традиционалната манифестација ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА што со заеднички сили овојпат го потпишуваат Културно-информативниот центар и Град Скопје. Целта на овој интернационален мултикултурен фестивал е промоција на културното наследство во чаршијата, со музички настани на учесници од Македонија и од соседните земји и претставување на традиционалните занаети и кујни.
Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку нудење на уметнички перформанси.
Сермине Пурини, директорка на КИЦ.

„Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку нудење на уметнички перформанси и уште многу, многу други настани“, истакнува Сермине Пурини, директорка на КИЦ.

Инаку, покрај пијано-рециталот на Зана Имери и Марија Вршкова, ќе бидат одржани и колонијата на ликовни уметници, интерактивната парада на фолклорните друштва Ибе Паликуќа, Каршијака и Фолклорни бисери, ќе настапат ориенталните танчарки од агенцијата 1001 ноќ, за староградската музика задолжен е оркестарот СЕРЕНАДА, проектот Албанска софра имагинативно ќе го претстават Емин Дураку со солистите Лаби Тахири и браќата Алиу и Азис Мурати, а со нагласено внимание се очекуваат и концертните настапи на дуото Славко Георгиев на гитара и Никола Михајлов на пијано, Филип Стефановски квартет, ЗИГ-ЗАГ ОРКЕСТАР и квинтетот на големиот мајстор на канон Џенгис Ибрахим.

„На овој концерт ќе настапам со градски турски песни кои што се од периодот од 1980-90-тите години, кои се актуелни, пред се љубовни. Сметам дека ќе биде интересно бидејќи амбиентот е многу добар и музиката е прикладна на звуците на чаршијата.“

Кон ова само уште информацијата дека скопјани со радост и овојпат ќе го дочекаат одржувањето на овој еднодневен фестивал и останува само вербата дека времето сепак ќе не послужи за да ги проследиме сите настани во автентичниот амбиен на Старата чаршија во која дефинитивно полека, но сигурно се враќа животот.