Недостатокот од граѓански капацитет, случајот со Љубе Бошкоски - дел од темите во неделните печатени изданија.
Дваесетгодишнината од независноста на Република Македонија е убав повод, за еден млад човек, инаку магистер по европски и меѓународни студии, и учесник во граѓанските протести против полициската бруталност, а по повод убиството од страна на обезбедувачот на премиерот Груевски, во јуни среде скопскиот плоштад, на младиот Нешкоски, и обидите тоа да се заташка од страна на МВР.
Игор Стефановски, од свој, граѓански агол на млад човек, прави ретроспектива на 20-те години македонска апатија. Неговата анализа ја објавуваат и двата неделника, Глобус и Фокус, а неговата поента е: немањето граѓански капацитет на нашево општество. Искрениот граѓански обид да се подобри мал дел од нашево општество беше неразбирливо и фарсично критикуван од срамното антидемократско известување на одредени медиуми, па дури се организира и контра-протест, горчливо пишува авторот на анализата. Никако да успееме да формираме граѓанска екипа за да влеземе на терен, и покрај многуте организации и асоцијации кои се обидуваат да не' ангажираат. Затоа беа игнорирани и стечајците, млекарите, земјоделците, пензионерите, војниците, новинарите и нашиот протест, а сите имавме реални поплаки не против онаа или онаа политичка партија, туку против целокупниот систем во кој сега живееме! Па продолжува со пример од граѓанската зрелост на францускотоопштество: Ако не им се исплати плата на вработени во фабрика, или ако наставници, лекари и вработени во јавни институции сметаат дека државата си игра со нивните животи преку законски реформи - штрајк, и тоа не само на директно засегнатите, туку во целата држава. Со апатијата и рамнодушноста бегаме од одговорноста, забележува Стефановски во анализата, за да заврши, со извикот дека кој спие во демократија, се буди во диктатура.
Фокус продолжува да се занимава со случајот Љубе Бошкоски и поставува круцијални прашања на кои треба да одговори министерката Јанкулоска. Полицијата, пишува авторката на текстот во неделникот, ја крие наредбата за следење, снимање и прислушување на Бошкоски. Обвинителството наведува само „извештај за мобилни телефони“ и тоа од 17 јуни, значи, 11 дена откако тој е во притвор во Шутка. Во кој период бил следен и прислушуван? Дали следењето и прислушувањето продолжило и за време на предизборната кампања? Дали МВР располага со налог од надлежен судски орган да ги спроведува овие операции и доколку постои од кој датум е? Логично е да се претпостави, заклучува Фокус, дека Бошкоски во текот на двата месеца кампања комуницирал телефонски со другите колеги опозиционери - Љубчо, Тито, Бранко, генерал Ангелов, Тачи... Тогаш, благодарение на аферата „Кампања“ била прислушувана безмалку сета опозиција, па во таков случај, аферата Љубегејт станува вистински македонски Вотергејт, заклучува авторката на текстот во Фокус.

Благодарение на аферата „Кампања“ била прислушувана безмалку сета опозиција, па во таков случај, аферата Љубегејт станува вистински македонски Вотергејт.Фокус.