Во Центарот за култура во Охрид изложени слики од интернационалниот ликовниот карван на уметници од Македонија и Балканот.
На темата „Жената - најфина творба на природата“, посветена на вечната убавина на жената и телесна и духовна, во галеријата на Центарот за култура во Охрид до 20-ти овој месец, публиката може да ги види сликите од вториот циклус насловен „Сета таа убавина“ од интернационалниот ликовен карван што со слики, графики и скулптури од уметниците од Македонија и Балканот, постои веќе седум години.
Меѓу 30-тината уметници од Македонија и Србија, кои разменуваа техники, технолигии и идеи на сликањето и создавањето на уметноста е и младиот сликар Ванчо Димоски од Охрид.
„Се занимавам чисто со сликарство, преокупација ми е жената како модел во моите слики. Темата на овој карван за жената, за мене е највпечатлива и најсилна реализација. Тоа посебно важи за нас фигуративнитe сликари, кај кои изразот е многу посилен за разлика од сликарите кои се занимаваат со апстрактно или полуапстрактно сликарство“, вели Димоски, кој пред пет години дипломира на ликовната академија во Скопје, чија изложена слика е посветена на мајката и мајчинството.
„Сликата е насловена посета, мајчинство, „магна матер“, плодноста кај жената. Тоа ја претставува целината на сликата. Целиот циклус беше насловен како контрасти, контрастот на бојата, контрастот и фигурата, како жолтата доминира кај црвената, кои се нивните физички и психолошки дејствувања, така да дејстувањата кај фигурацијата, односно односот на мајката, односот меѓу мајката и детето, во таа меѓузавсност настана изложената слика“, објаснува Димоски.
Тој сака да ја долови внатрешната енергија на ликовите и актовите како уметник, од што денес признава дека е тешко да се живее, па така тој покрај сликарството, се занимава со конзерваторство и други активности, за да може да твори, без што овој 31-годишен сликар не може да го замисли животот.
Организаторот на традиционалниот карван, познатиот колекционер на слики од Македонија, кој живее во Белград, Тихомир Кондев, на почетокот од деветтата деценија од животот со ентузијастичка страст кон уметноста ги изложува делата на уметниците во Македонија, Србија и Америка.
„Овој карван би сакал да е постојан и да трае се додека сум јас жив и здрав, што во овие години не е баш така лесно. Карванот ќе оди и во следните десет години, а доколку најдам следбеник, тој ќе продолжи и натаму. Основната идеја за проектот тргна од моите големите изложби, од кои последните ми беа на академски сликари кои живеат и работат во Белград и Нови Сад, САД и Канада, како и онаа за 100-годишната прослава на весникот „Политика“, кога ме замолија како колекционер да дадам дела од мојата збирка. Досега низ карванот минале 170-тина сликари за изминатите седум години, повеќето од нив млади и од средната генерација“, вели Кондев, кој со колекционерство се занимава 62 години, посветувајќи се најмногу на македонските сликари.
„Во мојата колекција имам 70 македонски автори, најмногу по шест слики од секого. Сега имам околу 700 слики. Настојувам да обезбедам зграда за да направам спомен збирка“, објаснува Кондев.
Негова дамнешна желба е во Македонија да изгради спомен објект на Македонското сликарство од неговата богата колекција, за што владата, иако донела одлука пред десет години, до денес не направила ништо.
Темата на овој карван за жената, за мене е највпечатлива и најсилна реализација. Тоа посебно важи за нас фигуративнитe сликари, кај кои изразот е многу посилен.Ванчо Димоски, сликар.
Меѓу 30-тината уметници од Македонија и Србија, кои разменуваа техники, технолигии и идеи на сликањето и создавањето на уметноста е и младиот сликар Ванчо Димоски од Охрид.
„Се занимавам чисто со сликарство, преокупација ми е жената како модел во моите слики. Темата на овој карван за жената, за мене е највпечатлива и најсилна реализација. Тоа посебно важи за нас фигуративнитe сликари, кај кои изразот е многу посилен за разлика од сликарите кои се занимаваат со апстрактно или полуапстрактно сликарство“, вели Димоски, кој пред пет години дипломира на ликовната академија во Скопје, чија изложена слика е посветена на мајката и мајчинството.
„Сликата е насловена посета, мајчинство, „магна матер“, плодноста кај жената. Тоа ја претставува целината на сликата. Целиот циклус беше насловен како контрасти, контрастот на бојата, контрастот и фигурата, како жолтата доминира кај црвената, кои се нивните физички и психолошки дејствувања, така да дејстувањата кај фигурацијата, односно односот на мајката, односот меѓу мајката и детето, во таа меѓузавсност настана изложената слика“, објаснува Димоски.
Тој сака да ја долови внатрешната енергија на ликовите и актовите како уметник, од што денес признава дека е тешко да се живее, па така тој покрај сликарството, се занимава со конзерваторство и други активности, за да може да твори, без што овој 31-годишен сликар не може да го замисли животот.
Организаторот на традиционалниот карван, познатиот колекционер на слики од Македонија, кој живее во Белград, Тихомир Кондев, на почетокот од деветтата деценија од животот со ентузијастичка страст кон уметноста ги изложува делата на уметниците во Македонија, Србија и Америка.
Досега низ карванот минале 170-тина сликари за изминатите седум години, повеќето од нив млади и од средната генерација.Тихомир Кондев, организатор на ликовниот карван.