Тврдоглавите Ердоган и Нетанјаху

Вака весникот Фајненшал тајмс ги опишува премиерите на Турција и на Израел во врска со се потензичните односи меѓу двете земји. Од нивната караница, како што се наведува во коментарот, најголема корист во регионот може да извлече Иран.
Во 1949 година, Турција стана првата земја со муслиманско мнозинство која ја призна новосоздадената држава Израел. До крајот на деведесетите години, двете земји тесно соработуваа во воени и разузнавачки работи, наведува весникот Фајненшал тајмс, додавајќи:

Но, во текот на изминатите три години, пријателството го заменија постојани трвења, тренд што кулминираше со соопштението на Турција за остра промена во дипломатските односи и за суспендирање на врските меѓу двете земји.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган држи говор пред портретот на Кемал Ататурк
x
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган држи говор пред портретот на Кемал Ататурк

Тоа им предизвика компликации на Соединетите Држави кои со децении скапо воено и економски инвестираат во двете земји. Од Исламската револуција во 1979 во Иран, Турција и Израел се осовина на американската политика во регионот.

За жал за Вашингтон, не е реално во краток рок да очекува повторно затоплување на израелско-турските врски. Ако ништо друго, тогаш за една работа, наведува Фајненшал тајмс: во прашање е националната и личната гордост, која му е важна не само на турскиот царски премиер Реџеп Таип Ердоган, туку и на неговиот тврдоглав израелски колега Бенјамин Нетанјаху.
Секоја страна треба да запамти дека нивниот најголем ривал во регионот е Иран. Како и тоа дека тие ќе немаат никаква корист доколку иранците излезат како конечен победник.


Уште поважни се структурните причини на тензиите. Односите меѓу двете земји секогаш беа непријатни и тешки, потпирајќи се повеќе врз контакти меѓу политичките, воените и разузнавачките елити на двете земји, отколку врз мрежа на доверба и соработка меѓу бизнисмените, уметниците, академиците и општествата во целост.

Откако Партијата на правдата и развојот на господин Ердоган ја презеде власта во 2002 година почна преструктуирањето на турската надворешна политика. Оваа партија ја позиционира Турција како мост меѓу Западот и муслиманските земји, став кој донесе поблиски односи со арапскиот свет и постудени врски со Израел.

Израелскиот премиер Нетанјаху
x
Израелскиот премиер Нетанјаху


За да ги контролира новите тензии, израелската влада треба да го преиспита нејзиното одбивање да се извини за смртта на осуммина Турци и и на еден американец со турско потекло за време израелскиот напад врз хуманитарната флота за Газа во минатата година. Исто така, мора да се признае дека блокадата на Газа е целосно несоодветна како долгорочна политика во регионот.

Од своја страна, Турција не придонесува за подобрување на работите откако извештајот на Обединетите нации за овој инцидент го оцени како ништовен и неважечки.

Сепак, секоја страна треба да запамти дека нивниот најголем ривал во регионот е Иран. Како и тоа дека ќе немаат некаква корист доколку иранците излезат како конечен победник, заклучува во коментарот весникот Фајненшал тајмс.