По пет децении на скопските улици повторно се враќаат двокатните автобуси.
Англиските дабл-дек, по пет децении, се враќаат на скопските улици. Најголемата обнова на јавниот превоз во метрополата со над 200 автобуси, од што околу 60 двокатни, склопени во Кина, со инвестиција од над 40 милиони евра, започна комплетната и најголема модернизација на комуникацијата низ главниот град.
„Изгледа совршено вака навидум, меѓутоа е и предизвик да се вози такво возило. Одлично е чувството да седнеш во нешто големо, специфично, несекојдневно“, вели Вера Бузарова, која со своите 40 години и ниска става, делува енергично и сигурно.
Ја најдовме како излегува од паркингот на депото на ЈСП, пробајќи ги сите новитети во управувањето со атрактивните дабл-дек. Со 13-годишен стаж, Вера и нејзините четири колешки само потврдуваат дека шофер, одамна не е само машки род.
„Тоа е специфична професија која што не е секојдневна за женската популација меѓутоа одлично се снаоѓаме јас и моите колешки во нашата работа.“
И додека возачите на ЈСП со пробни возења се адаптираат на двокатните автобуси, стариот маџирмаалец, чичко Ангеле, го сретнавме на ретката урбана калдрма кај ромското маало спроти новата железничка станица.
„За разлика од тие автобуси овие ми се допаѓаат повеќе, малку се пониски и мислам дека тоа е подобро решение, бидејќи тие беа повисоки и многу се качувавме по скали, помладите одевме горе да се возиме.“
Од овде тргнуваше првиот двокатен автобус, беше атракција само во првите месеци, потоа на оваа јавна чешма, во скопските изгор-лета шоферите и кондуктерите се замиваа ги переа своите пешкири што ги ставаа околу врат да ја впијат потта, се присетува нашиот соговорник.
„Покрај Женска гимназија и одеа до Војна болница, тука таа релација беше и одеа каде што е сега МАНУ, покрај Вардар. Имавме мерак, сме се возеле, а и не беше скапо тогаш.“
Секој автобус, своја приказна излезена или влезена во домовите, училиштата, фабриките. Така се прикажуваат урбаните стории од познатата двојка, или четрнаесетка.
„Па јас сум еден од тие кои што се возел многу одамна во еден од таквите автобуси. Тие автобуси јас мислам дека ќе го развеселат градот и дека ќе создадат една жива на некој начин креативна атмосфера“, вели познатиот драматург и бележител на урбаните приказни, Братислав Димитров.
Тој не сака да влезе во шемата на дневната политика.
„Секогаш еден избор во различни контексти и различни периоди предизвикува различни коментари. Лошо е што од ваквите искуства секој тргнува од тој идеолошки став, а ова е само еден градски, комунален, цивилен проблем.“
Од тие рани шесдесетти, до денес над 70 линии, градски и приградски. Од скопјани ќе зависи колку модерните автобуси, со разладување и мирисливи, ќе останат чисти и удобни за патување – од Сарај, до Драчево, од Радишани до Аеродром.

Изгледа совршено вака навидум, меѓутоа е и предизвик да се вози такво возило. Одлично е чувството да седнеш во нешто големо, специфично, несекојдневноВера Бузарова, возач во ЈСП.
Ја најдовме како излегува од паркингот на депото на ЈСП, пробајќи ги сите новитети во управувањето со атрактивните дабл-дек. Со 13-годишен стаж, Вера и нејзините четири колешки само потврдуваат дека шофер, одамна не е само машки род.
„Тоа е специфична професија која што не е секојдневна за женската популација меѓутоа одлично се снаоѓаме јас и моите колешки во нашата работа.“
И додека возачите на ЈСП со пробни возења се адаптираат на двокатните автобуси, стариот маџирмаалец, чичко Ангеле, го сретнавме на ретката урбана калдрма кај ромското маало спроти новата железничка станица.
„За разлика од тие автобуси овие ми се допаѓаат повеќе, малку се пониски и мислам дека тоа е подобро решение, бидејќи тие беа повисоки и многу се качувавме по скали, помладите одевме горе да се возиме.“
Од овде тргнуваше првиот двокатен автобус, беше атракција само во првите месеци, потоа на оваа јавна чешма, во скопските изгор-лета шоферите и кондуктерите се замиваа ги переа своите пешкири што ги ставаа околу врат да ја впијат потта, се присетува нашиот соговорник.
„Покрај Женска гимназија и одеа до Војна болница, тука таа релација беше и одеа каде што е сега МАНУ, покрај Вардар. Имавме мерак, сме се возеле, а и не беше скапо тогаш.“
Па јас сум еден од тие кои што се возел многу одамна во еден од таквите автобуси. Тие автобуси јас мислам дека ќе го развеселат градот и дека ќе создадат една жива на некој начин креативна атмосфераБратислав Димитров, драматург.