Локална полиција во училиштата

Со цел намалување и превенција на малолетничката деликвенција, локални полициски службеници ќе ги посетуваат училиштатa.
Со цел да се намали малолетничката деликвенција во училиштата и да се зголеми безбедноста на учениците, локални полициски службеници ќе ги посетуваат училиштата и ќе разговараат со децата за прашања од личната
Доколку има проблем, доколку има известување за асоцијално однесување на деца од соодветното училиште, родителите, педагозите, психолозите па и самите ученици точно знаат кој полициски службеник да го побараат.
безбедност. Министерството за внатрешни работи во соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава, промовираа прирачник за лична безбедност, кој како што информираат има за цел да стигне до семејството, домот и родителите и да се подигне свеста за безбедноста на децата.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не ја исклучи и можноста од зголемување на бројот на полицајци кои ќе бидат одговорни за безбедноста во училиштата.

„Доколку има проблем, доколку има известување за асоцијално однесување на деца од соодветното училиште, родителите, педагозите, психолозите па и самите ученици точно знаат кој полициски службеник да го побараат.“

Задоволство од проектот „Реонскиот полицаец ве советува“ изрази и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Андреас Брет.


„За мисијата на ОБСЕ во Скопје приоритет е обезбедување поддршка на МВР во понатамошната соработка меѓу полицијата и заедницата како и зајакнување на партнерството меѓу полицијата и јавноста“, изјави Брет.

Иако, овој проект не го решава проблемот со малолетничката деликвенција, за министерот за образование Панче Кралев ова е чекор напред во намалување на насилничкото однесување кај децата.

„Во иднина планираме да искористиме и одредени технички средства, планираме да воведеме и други иницијативи, да делуваме превентивно.“

Експертите предупредуваат дека појавата на малолетничката деликвенцијата е социопатолошка појава која е предизвикана од повеќе
Родителите многу малку имаат време да ги воспитуваат своите деца, од друга страна, образовните институции, често пати ги критикувам, повеќе образуваат околку што воспитуваат и таа воспитна функција се запушти.
причини. Социологот Татјана Стојановска укажува на потребата од поголема вклученост на научно-образовната елита, на родителите, но и институциите на системот во борбата против овие појави.

„Родителите многу малку имаат време да ги воспитуваат своите деца, од друга страна образовните институции, често пати ги критикувам, повеќе образуваат околку што воспитуваат и таа воспитна функција се запушти. Тие треба да го надополнат тоа што е испуштено во семејството.“

Министерката Јанкулоска се согласува дека проблемот е подлабок. Сепак, уверува дека со овој проект се дава придонес кон намалувањето на прекршочните појави.

Изминатата година полицијата регистрирала 57 случаи на насилничко однесување, најмногу во и пред просториите на средните училишта. Во четири случаи било употребено и ладно оружје, а еден од случаите заврши и со жртва.