Партиски надмудрувања

Партиски кавги и надмудрувања наместо независна работа на Комисијата за лустрација и на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Овие денови беа актуелни кавгите во собраниската комисија за лустрација и во комитетот за односи меѓу заедниците. Главна тема во комисијата е кој да ја наследи претседателската функција. Опозицијата предлага еден, а власта друг член. Во комитетот, наметнувањата меѓу партиите се историски, а во конкретниов случај исто така се за кадровски прашања. Пишува колку членови треба да има секоја заедница, но на партиите битно им е дали тие ќе бидат од власта или од опозицијата. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу ја истакнува важноста на собраниските комисии и бара разбирање од партиите за суштината, а не за како што вели колку членови во нив ќе има ДПА или ДУИ или СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ:
Таа Комисија во основа треба да биде на зедниците, а не на опозицијата и на власта.

„Тоа е една од препирките, да се надгласа. Таа комисија треба да биде во основа на заедниците, а не на опозицијата и позицијата, таму нема седум претставници од позицијата, седум од опозицијата, туку има седум претставници од албанската заедница, седум претставници од македонската заедница.“

Суштината зошто има кавги и зошто партиите ги злоупотребуваат комисиите, е во тоа што, според зборовите на Муслиу, партиите никако не инсистираат на независност на институциите туку преку членовите се обидуваат да ги протежираат своите интереси. Ако се инсистира на неутралност и процедури тогаш луѓето кои ги спроведуваат тие процедури ќе имаат многу помалку простор за субјективност, вели Муслиу.

Исто така и Комисијата за лустрација беше главна тема во изминатиот период. Нејзините резултати не се прифаќаат како објективни. Се отвора сомнеж дека процесот на луѓето кои се лустрираат е злоупотребен зошто бројката е мала за долготраен систем.

Стојан Андов предлагач на Законот за лустрција и поранешен претседател на Собранието, укажува дека не може сосем да се избегне влијанието на партиите зошто Собранието е составено од пратеници, но дека потребно е нужно ниво на политичка култура. Непоходно е регулаторни тела да бидат составувани
Треба да се има трпение и толерантност кај оние кои треба да ги изберат тие тела и да најдат луѓе кои уживаат општа доверба.

врз основа на консензус за да имаат нужен степен на независност, вели Андов. Во спротивно според неговите зборови ако регулаторните тела избираат членови или претседатели на сила и со наметнување тогаш логично е дека нема да уживаат општа доверба.

„Законот за лустрација на пример е донесен со консензус, исто така и амандаманот врз основа на кој овој Комитет за заедниците постои е донесен со 96 гласа, ако тоа е претпоставката за добро да функционираат тие тела тогаш треба да се има трпение и толерантност кај оние кои треба да ги изберат тие тела и да најдат луѓе кои уживаат општа доверба.“

Според зборовите на експертите и последните случувања во Комитетот за односи меѓу заедниците се последица на тоа што за жал од неговото фомирање ова тело не работи функционално туку има намери за импровизации. Комитетот е едно од поважните одредби од Рамковниот договор како политичка и законска брана и заштитник на целиот процес на бадинтеровиот избор и на немнозинските заедници.