Владата подготвена да слуша?

Според експертите, прашање е колку формирањето на советодавни тела е резултат на вистинска желба да се чуе мислење или дел од маркетинг кампања.
Експертите во својот првичен коментар не отфрлаат дека постои можност новоформираните советодавните тела на владата да извршат големо влијание врз работата на извршанта власт. Но дали ќе имаат ефект зависи од тоа колку владата ќе сака да ги слуша и од тоа кој ќе членува во тие совети или пак ги става чисто како украс, изјави универзитескиот професор Ванчо Узунов од Првниот факултет во Скопје

„Еве да видиме во наредниот период. Владата не го користеше многу овие тела, сега го менува стилот на работа, ама да не испадне дека волкот го менува влакното, ама карактерот не го менува. Да не испадне дека ги
Има примери во други држави каде што таквите советодавни тела имаат огромно влијание. На пример, во САД советникот на претседателот за економски прашања е малтене претседател за економски прашања. Ама, тоа е таква традиција. Ние немаме такво искуство.
користат само за украс, а де факто пак одлуките ги носат еден двајца.“

Вчера беше промовирано конституирањето на Комитетот за претриемништво и инивации а во изминатите денови и на Економски совет и советодавното тело за туризам. Советодавните тела и министерствата нема да си конкурираат еден со друг во својата работа туку треба да се надополнуваат и начелно е добро што се формираат бидејки министерства на е знаат се, оценува Узунов. Советодавните тела немаат извршна моќ. Тие не носат одлуку туку советуваат што би било добро министерството да направи за одредено прашање. Во земјите кои имаат традиција на демократско владеење, советничката функција подразбира одговорносот и голема лична афирмација истакнува Узунов.

„Има примери во други држави каде што таквите советодавни тела имаат огромно влијание. На пример, во САД советникот на претседателот за економски прашања е малтене претседател за економски прашања. Ама, тоа е таква традиција. Ние немаме такво искуство. До сега не сум видел влада што ги слуша советниците.“

Приоритете на овие тела, според зборовите на владата, се подобрување на конкурентноста на македонската еконмија и туризмот како и зголмување
Мислам дека треба да се вклучат и стопанските комори и можат да помогнат за решавање на проблемите.
на вработеноста. Во комитетите, според најавите на владата, освен од науката ќе има и надворешни претставници од бизнис секторот. Според екомскиот аналитичар Висар Адеми, за реално да се диксутира за проблемите, треба да се слушне најмногу релниот сектор.

„Мислам дека треба да се вклучат и стопанските комори и можат да помогнат за решавање на проблемите.“

Во својата работа оваа влада е позната и по тоа што во почетокот првично вклучуваше странски експерти, а некои од нив имаа беа на раководни позиции како до пред една година во Фондот за Здравство, а директор странец еден период имаше и во МРТВ.