Од 26 до 28 август, под мотото КУЛТУРЕН АЗИЛ, на неколку локации во Гевгелија, ќе се одржи третото издание на фестивалот за урбана култура БОШ.
Ако првото издание што се случи во 2009 година беше посвета на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски од неколку негови блиски пријатели, три години подоцна, фестивалот БОШ зад чија организација стои здружението Арт еквилибриум, израсна во мултимедијална платформа низ која се слави креативниот израз во урбан контекст, односно обид за естетизирана артикулација и осмислување на т.н. „додадена вредност“ на урбаната култура. А, таа овој пат ќе се одвива под мотото Културен азил.
„Во суштина Бош фестивал си останува на својата прва замисла, значи се она што ќе понуди да биде квалитетно, достапно, разновидно. Првото издание на фестивалот беше во 2009 година, со скромни финансиски средства и знаења, но основната идеа на Бош фестивалот е секоја година да биде подобар од претходниот, се надеваме дека ќе ги исполниме целите што ни се зададени“, истакнува Ѓорѓи Калински, еден од потписниците на ова случување.
Во текот на трите фестивалски дена, од 26 до 28 август, на неколку локации во централното градско подрачје на Гевгелија, предвидено е да се одржат бројни оф-меинстрим содржини, како театарски и филмски претстави и перформанси, поетски читања, изложби, работилници, концерти и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања.
Во рамките на филмската програма се планирани премиерата на И фабриките имаат душа на авторите Наташа Гелева и Јане Алтипармаков, прикажувањата на Ако никој не свири на Ѓорѓи Јаневски и на анимираниот Хансел и Гретел на Гоце Цветановски, како и селекција на кратки филмови од македонски автори.
Мултимедијалноста на фестивалот ќе биде потврдена со концертите на БЕРНИС ПРОПАГАНДА, ХА-ХА-ХА, ШИДНИ, диџеј-сетовите на Марчин и Тони Димитров, кабарето на Ана Костовска и Кирил Поп Христов, изложбите на фотографии на Јадран Манчев, Цветанка Темкова Илова и Сашо Илов, изложбите на рачно изработен накит на Дафина Џепаровска и Христина Николова, цртежите со наслов ИНТРОВЕРТНИ МУАБЕТИ на Кристијан Крстески и графитите на GRFC Crew, Drash, Machka и BNE.
„Покрај публиката на која идејата е да и се понуди нешто разновидно и пред се достапно, да се понуди нешто и на т.н. маргинализирани артистички групи во Македонија“, дополнува Калински.
Кон ова, само уште информацијата дека влезот за сите настани што ќе се одржат на третиот БОШ ФЕСТИВАЛ е слободен.
Во суштина Бош фестивал си останува на својата прва замисла, значи се она што ќе понуди да биде квалитетно, достапно, разновидно.
„Во суштина Бош фестивал си останува на својата прва замисла, значи се она што ќе понуди да биде квалитетно, достапно, разновидно. Првото издание на фестивалот беше во 2009 година, со скромни финансиски средства и знаења, но основната идеа на Бош фестивалот е секоја година да биде подобар од претходниот, се надеваме дека ќе ги исполниме целите што ни се зададени“, истакнува Ѓорѓи Калински, еден од потписниците на ова случување.
Во текот на трите фестивалски дена, од 26 до 28 август, на неколку локации во централното градско подрачје на Гевгелија, предвидено е да се одржат бројни оф-меинстрим содржини, како театарски и филмски претстави и перформанси, поетски читања, изложби, работилници, концерти и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања.
Во рамките на филмската програма се планирани премиерата на И фабриките имаат душа на авторите Наташа Гелева и Јане Алтипармаков, прикажувањата на Ако никој не свири на Ѓорѓи Јаневски и на анимираниот Хансел и Гретел на Гоце Цветановски, како и селекција на кратки филмови од македонски автори.
Покрај публиката на која идејата е да и се понуди нешто разновидно и пред се достапно, да се понуди нешто и на т.н. маргинализирани артистички групи во Македонија.