Бизнисмените го поддржуваат Економскиот совет, но сметаат дека освен владините министри во него треба да земат учество и луѓето од стопанството.
Eкспертите и бизнисмените сметаат дека Економскиот совет кој го формираше Владата е добра идеја. Но, за едните ќе има ефект само ако во него земат учество и оние на кои ќе влијаат одлуките и заклучоците кои ќе бидат донесени. За другите, пак, Советот треба да работи на недостатоците во владината економска програма. Претседател на советот е премиерот Никола Груевски, а членуваат министрите од економските
ресори, гувернерот на Народна банка и претставници од другите институции со надлежности во сферата. Според најавите, советот ќе ја спроведува економската програма на владата за наредните четири години.
Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека е позитивно што на едно место ќе се соберат сите чинители од власта и ќе разговараат за економските проблеми во земјата. Но, за да вроди со плод работата на советот потребно е да се слушне и мислењето на сите засегнати страни.
„Јас мислам дека тука треба да се вклучат и луѓе од приватниот сектор и стопанските комори и асоцијациите кои што се многу блиску до пазарот. Без нивно вклучување или без нивно кажување на реалните потреби ова може да биде само параван на власта да покажува дека еве навистина се грижи за економијата.“
Бизнисменот Зоре Темелковски на советот гледа како на критичар на плановите на власта во однос на развојот на економијата во земјата.
„Мислам дека овој економски совет треба да биде едно критично тело на програмата која што ја достави премиерот на изборите и со која однесе победа, ако има нови идеи во таа програма да се дополни и само во тој контекст ја оправдувам ваквата идеа.“
Груевски изјави дека Владата и досега имала фокус на економски план, но тој треба да биде зголемен за да може да се издвои повеќе време за она што е најзначајно за да се придвижат работите. Советот ќе одржува средба еднаш неделно, а во план е на дискусиите да присусуствуваат и бизнисмени и универзитетски професори.
Тука треба да се вклучат и луѓе од приватниот сектор и стопанските комори и асоцијациите кои што се многу блиску до пазарот. Без нивно вклучување или без нивно кажување на реалните потреби ова може да биде само параван на власта да покажува дека еве навистина се грижи за економијата.
ресори, гувернерот на Народна банка и претставници од другите институции со надлежности во сферата. Според најавите, советот ќе ја спроведува економската програма на владата за наредните четири години.
Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека е позитивно што на едно место ќе се соберат сите чинители од власта и ќе разговараат за економските проблеми во земјата. Но, за да вроди со плод работата на советот потребно е да се слушне и мислењето на сите засегнати страни.
„Јас мислам дека тука треба да се вклучат и луѓе од приватниот сектор и стопанските комори и асоцијациите кои што се многу блиску до пазарот. Без нивно вклучување или без нивно кажување на реалните потреби ова може да биде само параван на власта да покажува дека еве навистина се грижи за економијата.“
Мислам дека овој економски совет треба да биде едно критично тело на програмата која што ја достави премиерот на изборите и со која однесе победа, ако има нови идеи во таа програма да се дополни и само во тој контекст ја оправдувам ваквата идеа