Охридски хорски фестивал

Околу 1.200 хористи од повеќе земји од Европа од 25 до 28 август ќе учествуваат на четвриот Меѓународен охридски хорски фестивал.
1.200 хористи со 50 детски, младински и возрасни хорови, на возраст од 10 до над 70 години, од 16 европски земји од Литванија и Шведска, преку Русија, Италија, Турција, Србија, до Македонија, од 25 до 28 август ќе пеат на 4-тиот Меѓународен охридски хорски фестивал 2011. Фестивалот кој
Пријавени се хорови коишто се со исклучителен квалитет и сметаме дека оваа година фeстивалот ќе се издвои од претходните со својот квалитет.
почна и се одржува благодарение на ентузијастите од организацискиот комитет, со поддршка на спонзори, Министерството за култура и општина Охрид, има натпреварувачки и ревијален карактер. По отворањето со охридската песна Билјана, четврток вечерта сите хористи ќе изведуваат програма на неколку локации на отворено низ чаршијата и кејот во Охрид.

„Пријавени се хорови кои што се со исклучителен квалитет и сметаме дека оваа година фeстивалот ќе се издвои од претходните со својот квалитет. Тој е организиран во неколку оддели, од кои најважен е натпреварот, кој што ќе се одржува во хотелот Инекс Горица, каде хоровите ќе настапуваат пред петчлено експертско жири, кое ќе ги оценува нивните изведби. Ќе бидат избрани победници во категориите, а на крајот на големото финале ќе се избере најдобар хор на фестивалот, кој ќе ја понесе наградата „Гран при“ на фестивалот“, вели Александар Димоски, претседател на фестивалскиот организациски одбор.


Аматерско-волонтерските хорови на многу високо ниво, кои покажаа голем интерес за учество на фестивалот во за нив инспиративниот Охрид, ќе изведуваат песни од различен музички жанр, со задолжителна Македонска песна.

„На натпреварот хоровите ќе исполнуваат разновидна програма, за да ги покажат своите способности, но имаме и специјализирани концерти на духовна музика во катедралната црква Света Софија, поп музика и фолк музика со ревијален карактер. Сите
На натпреварот, хоровите ќе исполнуваат разновидна програма, за да ги покажат своите способности, но имаме и специјализирани концерти на духовна музика во катедралната црква Света Софија, поп музика и фолк музика со ревијален карактер. Сите странски хорови ќе исполнат и една композиција од македонски автор.
странски хорови ќе исполнат и една композиција од Македонски автор и тоа е наш придонес кон Македонската култура, промовирање на Македонскиот јазик и Македонското хорско творештво“, вели професор Димоски, инаку диригент на два хора во Охрид.

РСЕ: Кое е местото на нашиот фестивал на меѓународната хорска сцена и што значи тој во богатата Охридска летна културна понуда?

„Ние како прилично млад фестивал, кој постои само четири години, се доближуваме во секоја смисла до веќе востановените со долги традиции фестивали во Европа. Според мислењата на учесниците, ние сме веќе и рамо до рамо со големите европски фестивали. Нашата желба не е ние да се бориме во Охрид со другите фестивали, ние едноставно се интересираме за хорската музика, што е во фокусот на нашиот интерес. Во тој поглед сакаме да се издвоиме меѓу хорските фестивали во светот. Инаку во Охрид сметам дека полека си го заземаме местото кое ни припаѓа“, објаснува Димоски.


Меѓународниот хорски фестивал во Охрид кој по традиција се одржува во втората половина од август, ќе продолжи и во наредните години со цел да се развива со уште подобар квалитет и програма и да привлече уште пореномирани хорови со зголемување на вредноста на наградите.

Охридскиот хорски фестивал е со највисок меѓународен карактер во државава, каде има уште два хорски фествали, националниот во Кавадарци и меѓународниот во Тетово.