Летни свадби во Тетово

Летото е период кога во Тетово има најмногу свадби.
Тоа е сонот на секоја двојка и претставува еден од најважните чекори во животот на секој човек. Македонците за време на викендот, а Албанците преку цела недела го прават најважниот чекор во животот. Конкретно ова лето има свадби приближно исто колку овој период лани, вели Снежана Стојановска , менаџер во еден од тетовските хотели.

„Тетовчани периодот најверојатно го користат затоа што имаме доста иселеници и во овој период им одговора, ќе дојдат ќе ги видат
Тетовчани периодот најверојатно го користат затоа што имаме доста иселеници и во овој период им одговора, ќе дојдат ќе ги видат семејствата, а воедно и оние кои што ги организираат свадбите сакаат да бидат присутни и тие. Македонските свадби се води сметка да бидат сабота или недела, додека албанските свадби се прави од понеделник до понеделник

семејствата, а воедно и оние кои што ги организираат свадбите сакаат да бидат присутни и тие. Македонските свадби се води сметка да бидат сабота или недела, додека албанските свадби се прави од понеделник до понеделник.“

Според Стојановска, секоја свадба има некои непишани правила на организирање. Свадбените свечености се во принцип исти, а се разликуваат во детали. Се прави баланс за на традицијата од една страна и реализирање на желбите на младенците се со цел свадбата да изгледа онака како што тие ја замислиле, од друга страна.

„Се трудиме да се запазат сите тие обележја затоа што тоа е една разлика меѓу луѓето инаку во друго јас и не гледам дека се разликуваме едни од други. Значи има само луѓе и нелуѓе, а во однос на ова мислам дека е најнормално да се задржи традицијата и на едните и на другите.“

Се се случува во еден ден, трошоците се помали а и се заштедува многу време ова се главните причини зошто семејствата од двете страни на идната брачна двојка се почесто се одлучуваат на направат свадба.


„Обврските на семејството без разлика дали е од машката или од женската страна завршуваат во истиот ден. Едно обично дотерување, фризура да направиш па треба еднаш за венчкавка, еднаш за регистрација, па за свадба, што значи тоа се повеќе трошоци. Во однос на тоа ако се направи самиот чин на регистрација и замислете после тоа треба да ги однесете некаде на ручек, така што тоа е втората работа и трето, луѓето немаат толку слободно време. Зошто ако може нешто да се направи во еден ден, да се прави во повеќе денови.“

Можеби судбоносното ДА чини многу, но во денешни услови кога има толку многу можности за избор, се побројни се младите кои одлучуваат да направат свадба.