Последните денови на СССР

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Денеска се одбележуваат 20 години од пропаднатиот државен удар во Советскиот Сојуз, кој потоа доведе до негов дефинитивен пад. Тврдото крило на тогашната Комунистичка Партија на 19-ти август 1991-ва година, се обиде да го собори претседателот Михаил Горбачов, кој ги започна перестројката и гласноста. Државниот удар не успеа и поради народниот отпор во кој беше вклучен и Борис Елцин. Сеќавања на новинарите на РСЕ за тие драматични денови.