Повеќе средства за НАТО реформите

Во Македонија повеќе активности по повод 18 Август, Денот на Армијата.

За реализација на НАТО реформите неопходни се повеќе пари за одбраната. Приливите во последниве две години се намалени за близу 10 отсто.
За реализација на реформите кои се потребни за интеграција во НАТО се потребни средства, односно соодветно буџетирање, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими по средбата со своите претходници.

„Сега е период кога се планира буџетирањето. Ние во рамките на долгорчната програма имаме планирано од 2011 до 2020 година да се
Сега е период кога се планира буџетирањето. Ние во рамките на долгорчната програма имаме планирано од 2011 до 2020 година да се постигне до 2,12% од БДП.
постигне до 2,12% од БДП, што е некој стандард прифатен за Македонија.“

Судејќи по прегледот на расходите од Буџетот, од лани до годинава е намален приливот на пари во одбраната. Со ребалансот во 2010 година беа скратени нешто повеќе од седум проценти од приливите, додека во 2011 година финансирањето дополнително е намалено за околу три проценти. Судејќи по изјавата на новоназначениот министер, проблем е финансиската криза.

Фатмир Бесими, министер за одбрана

„Свесни сме дека во период на финансиска криза голем дел од државите го намалија буџетот генерално, тоа исто така останува и во Македонија, меѓутоа гледано економски, средствата се лимитирани, не се секогаш се доволни за се што сакаме да постигнеме.“

Вреди да се спомене дека во март годинава светот одбележи втор јубилеј од крајот на најголемата финансиска криза во која беа забележани рекордни загуби.
Во период на финансиска криза голем дел од државите го намалија буџетот генерално, тоа исто така останува и во Македонија.

Се поставува и прашањето, дали Министерството за одбрана има резервна стратегија доколку и годинава не се слеат доволно пари на сметката на оваа институција за спроведување на НАТО реформите? Бесими одговара:

„Стратегијата е да се реализираат реформите и колку и да е потребно да се обезбедат финансиски средства.“

Екс-министерот за одбрана Трајан Гоцевски вели дека со буџетот мора да логистички да се поткрепуваат Армијата и одбраната, со цел да се остварат стратешките цели и реформите:

Преглед на расходи од Буџетот за Министерството за одбрана

„Понатаму мора да се оддржи кондиција на нашите меѓународни мисии, припадниците на Армијата кои учествуваат во мисиите, тоа е нашиот легитимитет и ние за тоа мора да се заложиме, да не губиме кондиција во тој дел.“

Одбраната најмногу има придонесено кон зголемување на меѓународниот рејтинг на Македонија, вели Гоцевски:

„Од сите досегашни министри беше заклучено дека Армијата одбработи најмногу, таа придонесе најмногу за нашите меѓународни мировни мисии, оценките од НАТО кои што се дадени се позитивни и тоа на некој начин го зголеми и рејтингот на државата која што активно работи на евроатлантските организации.“

Инаку, министерот Бесими најави продолжување на средбите со поранешните носители на функцијата.