Повторната изградба на Горенички мост на реката Радика, кој беше демонтиран поради изградбата на акумулацијата Шпилје, некогаш не се случи.
Поради недостаток на средства, но и негрижа на надлежните институции во општина Дебар во минатото, но и сега пропаѓале и се уште пропаѓаат значајни културно-историски објекти. Неколку значајни културно историски објекти пропаднаа и исчезнаа во текот на изминатите децении, меѓу кои и познатиот Горенички мост на реката Радика по кој минувал познатиот пат Виа Игнација.
„Пред изградбата на акумулацијата „Шпилје“ беше изготвен проект за дислокација на Гореничкиот мост, при што се демонтираше целата камена конструкција, а камењата беа обележани со бројки и позиции, со намера тој мост да се изгради на друга локација. По демонтирањето конструкцијата и камењата беа лоцирани во еден објект во близина на Бошков Мост. Потоа имаше одложување на подолг период на изградбата на мостот на другата локација, а камењата како што врвеше времето исчезнуваа. Добар дел од тие камења завршија во изградба на авлиски ѕидови во некои дебарски населби. Интересно е да се каже дека Горенечки мост како објект сеуште е на листата на заштитените културно историски споменици, но тоа нема никаква смисла бидејќи тие материјали на мостот веќе не постојат и нема никаква шанса тој повторно да се изгради“, изјави архитектот Газменд Цами од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа на Дебар.
Цами додава дека за се она што се случуваше со старите вредни камења никој не беше земен на одговорност. Инаку општа е оценката дека беспарицата остава незаштитени голем број културно историски објекти кои од ден на ден пропаѓаат. Така пред очите на јавноста пропаѓаат повеќе дебарски куќи со стара градска архитектура, но и познатиот стар дебарски амам. Исто така пропаѓаат и неколку локалитети каде има темели на стари објекти изградени пред повеќе векови.
„Градот Дебар е познат по староградската архитектура и уште се учи за тоа по образовните институции на Архитектонскиот факултет како пример, дебарската куќа, има повеќе такви објекти во градот, но тие секојдневно пропаѓаат поради немање доволно средства за реконструкција, но и поради недоволната грижа на Министерството за култура“, вели Цами.
Надлежните наведуваат дека ако се заштитат бројните културно историски споменици тогаш јасно е дека тие ќе влијаат и врз развојот на туризмот во Дебар и поширокиот регион.
Пред изградбата на акумулацијата „Шпилје“ беше изготвен проект за дислокација на Гореничкиот мост, при што се демонтираше целата камена конструкција, а камењата беа обележани со бројки и позиции, со намера тој мост да се изгради на друга локација. А камењата како што врвеше времето исчезнуваа.
Kон крајот на 60-ите години кога започна да се полни вештачката акумулација на Дебарското Eзеро, бидејќи мостот беше под заштита на Заводот за заштита на културно историските споменици, неговите камења беа дислоцирани со цел тој повторно да се изгради над реката Радика, но во делот на областа Долна Река. Но, тоа не се случи. Тој мост кој беше синоним на Дебар засекогаш исчезна.