Компромис за спорот со името може да постигнат само Македонија и Грција и не треба да се очекува решение од надвор, сметаат политиколозите.
Нема промена на позициите на САД во врска со спорот за името, изјави помошникот американски државен секретар Филип Рикер по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
„ Нашата позиција секогаш била иста. Се надеваме и веруваме дека овој спор може да се реши многу брзо, но тоа е нешто што може да се реши меѓу Македонија и Грција“, рече Рикер.
Загриженост за „назадувачки трендови”
Попладнево Рикер се сретна и со премиерот Никола Груевски. Како што информираат од владиниот кабинет, на средбата се разговарало за политичките односи помеѓу двете земји кои, како што се наведува во соопштението, се базирани на взаемна соработка, доверба и пријателство, а се потврдени и со Договорот за стратешко партнерство.
Заменик државниот секретар на САД, пак, изјави дека се разговарало за области кои, како што рече „продолжуваат да загрижуваат” меѓу кои и владеење на правото и слободата на медиумите.
„Ова се теми за кои продолжува да се дебатира, како што успеав да разберам изминативе денови и тоа се прашања кои не загрижуваат. Од поодамна зборуваме за нив – станува збор за прашања со кои се соочуваат и други земји од регионот, но ние сме загрижени за некои назадувачки трендови кои ги гледаме во Македонија и затоа ќе продолжиме да разговараме за тие прашања“, рече Рикер по средбата.
Ова е прва официјална посета на Рикер во својство на заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, функција на која замина по завршување на тригодишниот амбасадорски мандат во Македонија.
Што велат експертите за спорот со Грција?
Не треба да се очекува решение на спорот со името од надвор, порачуваат политиколозите кои ги консултиравме. Директно решение за спорот може да постигнат Македонија и Грција, а од меѓународната заедница може да се очекува посредување и треба да се имааат предвид и евроинтеграциите, коментираат упатените.
Професор Хасан Јашари вели дека се потребни лидерска храброст и доблест за решавање на проблемот.
„Очигледно дека изјавата на г-динот Рикер е насочена кон премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со оглед на фактот дека треба да се има лидерска храброст и доблест да се реши проблемот.“
Од тука и прашањето, дали има воља меѓу лидерите за решавање на билатералниот спор? Власта тактизира, забележува Јашари:
„Јас мислам дека заради гласовите и заради избирачките кампањи власта тактизира и во догледно време не мислам дека е способна да се соочи со овој проблем. Моето мислење е дека треба да се анимираат сите општествени сили, и невладиниот сектор и владата и овој проблем за граѓанските перспективи е неопходно да се реши во најскоро време.“
Македонија и Грција се тие кои треба да го решат спорот со името, вели политикологот Марија Ристеска:
„Ниту еден надворешен фактор не би можел да влијае суштествено на таквата разшница, освен ЕУ и тоа не директно со вклучување во спорот
со името, туку со одлука да на Македонија и се даде датум за отпочнување на преговори со што би се продолжиле реформските процеси во земјата, би се приближиле двете земји.“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети минатата недела побара меѓународната заедница да се ангажира за решавање на билатералниот спор меѓу земјава и јужниот сосед. Тој предложи формирање на група која би функционирала одвнатре, така како што функционираше групата на Ахтисари, групите кои што ги создадоа Рамбује и Дејтон.
Дали ова е знак на стравување меѓу лидерите дека пресекувањето со компромисно решение за промена на уставното име на земјава би било еквивалент на политичко самоубиство? Политикологот Јашари коментира:
„Тоа е судбината на политичарите, мислам дека премиерот и оваа владеачка структура долго време е на власт и време е веќе да се жртвува за националните интереси.“
„ Нашата позиција секогаш била иста. Се надеваме и веруваме дека овој спор може да се реши многу брзо, но тоа е нешто што може да се реши меѓу Македонија и Грција“, рече Рикер.
Загриженост за „назадувачки трендови”
Попладнево Рикер се сретна и со премиерот Никола Груевски. Како што информираат од владиниот кабинет, на средбата се разговарало за политичките односи помеѓу двете земји кои, како што се наведува во соопштението, се базирани на взаемна соработка, доверба и пријателство, а се потврдени и со Договорот за стратешко партнерство.
Заменик државниот секретар на САД, пак, изјави дека се разговарало за области кои, како што рече „продолжуваат да загрижуваат” меѓу кои и владеење на правото и слободата на медиумите.
„Ова се теми за кои продолжува да се дебатира, како што успеав да разберам изминативе денови и тоа се прашања кои не загрижуваат. Од поодамна зборуваме за нив – станува збор за прашања со кои се соочуваат и други земји од регионот, но ние сме загрижени за некои назадувачки трендови кои ги гледаме во Македонија и затоа ќе продолжиме да разговараме за тие прашања“, рече Рикер по средбата.
Ова е прва официјална посета на Рикер во својство на заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, функција на која замина по завршување на тригодишниот амбасадорски мандат во Македонија.
Што велат експертите за спорот со Грција?
Не треба да се очекува решение на спорот со името од надвор, порачуваат политиколозите кои ги консултиравме. Директно решение за спорот може да постигнат Македонија и Грција, а од меѓународната заедница може да се очекува посредување и треба да се имааат предвид и евроинтеграциите, коментираат упатените.
Очигледно дека изјавата на г-динот Рикер е насочена кон премиерот Груевски и ВМРО ДПМНЕ со оглед на фактот дека треба да се има лидерска храброст и доблест да се реши проблемот.
Професор Хасан Јашари вели дека се потребни лидерска храброст и доблест за решавање на проблемот.
„Очигледно дека изјавата на г-динот Рикер е насочена кон премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со оглед на фактот дека треба да се има лидерска храброст и доблест да се реши проблемот.“
Од тука и прашањето, дали има воља меѓу лидерите за решавање на билатералниот спор? Власта тактизира, забележува Јашари:
„Јас мислам дека заради гласовите и заради избирачките кампањи власта тактизира и во догледно време не мислам дека е способна да се соочи со овој проблем. Моето мислење е дека треба да се анимираат сите општествени сили, и невладиниот сектор и владата и овој проблем за граѓанските перспективи е неопходно да се реши во најскоро време.“
Македонија и Грција се тие кои треба да го решат спорот со името, вели политикологот Марија Ристеска:
„Ниту еден надворешен фактор не би можел да влијае суштествено на таквата разшница, освен ЕУ и тоа не директно со вклучување во спорот
Треба да се анимираат сите општествени сили, и невладиниот сектор и владата и овој проблем за граѓанските перспективи е неопходно да се реши во најскоро време.