Ќе го спасат ли сточарството, новите најавени инвестиции во пелагонискиот регион, после пропаѓањето на „Сведмилк“?
Состојбите во сточарството се нормализираат по хаваријата што настана со пропаѓањето на шведската млекарница „Сведмилк“ во земјава, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Димовски. Тој најави нови инвестиции во приватниот млекопроизводствен сектор.
„Сточарскиот фонд веќе е стабилизиран по бројот на грла на говеда. За поздрав е и започнатата акција на одредени правни субјекти- млекари кои за производство на млеко веќе имаат најавено увоз на високомлечни крави кои ќе им ги дадат на кооперантите за производство на млеко. Најавено е и отворање на неколку млекарници низ Македонија, единствено на тој начин можеме да ја надминеме оваа ситуација која ја имавме во претходниот период до изразено негативно влијание“, рече Димовски.
Отворање на млекарница во Битолско најавува земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ зашто со ниските откупни цени ги диктираат млекарниците се во загуба.
„Анализите покажуваат дека во последните десет години во просек имаме 800 милиони денари загуба, но преку финалниот производ таа загуба ќе се надмине и ќе биде предуслов понатаму да го развиваме сточарството“, вели Драги Петровски, директор на комбинатот.
Млекарница ќе отвора и поранешниот директор на ИМБ, Живко Радевски, кој како човек кој долго време се занимавал со млечниот бизнис предупредува да се внимава какво млеко одредени индустрии увезуваат во земјава.
„Вишок на млеко има во Европа и тој вишок нас ни го пуштаат во разни форми, концентрирано млеко кое со закон е забрането да се додава. Во некои наши млекарници не само што додаваат вода, туку додаваат и растителна маст, полумлечен производ продаваат за жал тоа го допушта инспекцијата“, вели Радевски.
Двата капацитета во право време ќе преработуваат околу 60 тони млеко дневно што е половина од капацитетот на битолската млекарница која откупува 110 тони.
За поздрав е и започнатата акција на одредени правни субјекти-млекари кои за производство на млеко веќе имаат најавено увоз на високомлечни крави кои ќе им ги дадат на кооперантите за производство на млеко.
„Сточарскиот фонд веќе е стабилизиран по бројот на грла на говеда. За поздрав е и започнатата акција на одредени правни субјекти- млекари кои за производство на млеко веќе имаат најавено увоз на високомлечни крави кои ќе им ги дадат на кооперантите за производство на млеко. Најавено е и отворање на неколку млекарници низ Македонија, единствено на тој начин можеме да ја надминеме оваа ситуација која ја имавме во претходниот период до изразено негативно влијание“, рече Димовски.
Отворање на млекарница во Битолско најавува земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ зашто со ниските откупни цени ги диктираат млекарниците се во загуба.
„Анализите покажуваат дека во последните десет години во просек имаме 800 милиони денари загуба, но преку финалниот производ таа загуба ќе се надмине и ќе биде предуслов понатаму да го развиваме сточарството“, вели Драги Петровски, директор на комбинатот.
Вишок на млеко има во Европа и тој вишок нас ни го пуштаат во разни форми, концентрирано млеко кое со закон е забрането да се додава. Во некои наши млекарници не само што додаваат вода, туку додаваат и растителна маст.