Достапни линкови

Земјоделска рамноправност


Земјоделието неправи поделба на машка и женска работа. И женската глава во семејството Симјановски од битолско Кравари го вози робусниот трактор -џондир, во обработувањето на површината.

Џондирот, една од најмоќните земјоделски машини, за која на прв поглед се добива впечаток дека е направена да ја управуваат мажи, во Пелагонија ја возат и жени. Табуата за женска и машка работа, паѓаат под тркалата на овој робусен трактор кога него го вози
На трактор сум од 12 години. Од моето рано детство се занимавам со земјоделие и така мислам и да продолжам. Секое едно занимање си има своја тежина, така и земјоделието, меѓутоа ако нешто се сака мислам дека не е тешко
39-годишната Зора Симјановска од битолското село Кравари. Со леснина и голема сигурност таа ја управува оваа машина и рамно со мажите ги ора пелагониските ниви. Додека другите и се чудат на цврстата рака, таа вели дека орањето е лесно како песна.

,,На трактор сум од 12 години. Од моето рано детство се занимавам со земјоделие и така мислам и да продолжам. Секое едно занимање си има своја тежина, така и земјоделието, меѓутоа ако нешто се сака мислам дека не е тешко. На трактор во еден ден се случува да поминам десет, па и повеќе часа."

раскажува Симјановска.
Му помага на сопругот Пеце да обработат над 40 хектари со пченка. Рекордери се во производство на оваа култура во Битолско. Во нивниот дом може да се чуе една успешна земјоделска приказна во време кога повеќето земјоделци се жалат дека се осиромашени со млекото, житото, репката итн.
Проблемите што настанаа со печницата не ме затекнаа. Пченката е подоходовна култура, но сака малку повеќе работна рака

,,Јас совреме почнав да инвестирам во опрема за производство на пченка. Проблемите што настанаа со печницата не ме затекнаа. Пченката е подоходовна култура, но сака малку повеќе работна рака. Постигнуваме приноси од 8 до 12 тони од хектар. Вршиме проби, сееме 8 до 9 сорти за да утврдиме која сорта најмногу одговара на ова поднебје."

вели Пеце Симјановски.
Откупната цена на пченката се движи од 8 до 11 денари, а повисока е доколку е сува. Ова е едно од ретките семејства во регионот кои инвестирале во набавка на сушара.

,,Таа е набавена 2002 година од Грција. Порано трговците не условуваа ако е повлажна пченката не ни ја откупува."

велат Симјановци.
Ова е стратегиска култура за потребите на сточарството. Во Македонија со неа се засадени 25 илјади хектари. Експертите сметаат ако се зголемат површините ќе се обезбеди рентабилно работење на македонското сточарство, а државата ќе заштеди десетици милиони евра со намален увоз.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG