Веќе четврта ноќ по ред неколку британски градови се зафатени со безредија. Најголемите синоќа биле во Манчестер, трет најголем град во Англија, каде што банди млади луѓе ограбувале продавници, се пресметувале со полицијата и подметнувале пожари.
Полицијата во Манчестер соопшти дека грабежите и нападите биле со невидени размери и оти тие биле мотивирани главно од криминални
побуди. Нереди синоќа имало и во Ливерпул, Вест Бромвич, Волверхемптон, Нотингем.
Според новинските извештаи, секој поголем град во Англија бил зафатен со нереди. Од друга страна, синоќа во Лондон главно било мирно.
Претходно, британската влада донесе одлука за тројно зголемување на бројот на полицајците, на 16 илјади, со цел да биде спречена уште една ноќ на насилства и ограбувања по улиците на главниот град, каде што, како во предградието Итам, има случаи на организирање самоодбрана.
„Полицијата не е способна да ги контролира улиците. Ова се локални жители, ова се патриоти кои излегоа да го бранат реонот“, вели Џек Ингланд, член на крајно десничарската Англиска лига за одбрана.
Нередите почнаа во саботата во Тотенхем, сиромашно мултиетничко предградие на Лондон по протестите против убиството на 29-годишен татко на четири деца, кој беше застрелан од полицијата под неразјаснети околности.
Но, како што нередите продолжуваат, многумина го поставуваат прашањето за социјалните тензии во Британија откако владата усвои план за кратење на јавните трошоци за 130 милијарди долари до 2015 година. Планот е со цел да се редуцира огромниот буџетски дефицит кој беше направен откако земјата потроши милијради долари за спасување на приватните банки.
„Со овие нереди, ние младите им покажуваме на богатите дека можеме да правиме што сакаме“, цитира Би-Би-Си, две девојки од Лондон.
Премиерот Камерон во вторникот, оценувајќи дека она што сега се случува во државата било болно, најави дека неговата влада ќе преземе се за да го врати редот.
Тој побара од парламентот да го прекине одморот и в четврток да ги разгледа начините за справување со нередите. Сепак, тој не најави
разместување војска во најпогодените квартови и ги отфрли оценките дека станува збор за социјален бунт.
„Јас сум решен, владата е решена, правдата ќе биде спроведена и овие луѓе ќе ги почувствуваат последиците од нивното дејствување.“
Агенциите јавуваат дека полицијата, од избувнувањето на нередите во саботата во лондонски Тотенхем, досега упасила над илјада и сто лица, додека стотина полицајци биле повредени.
Според некои наводи, затворите во Лондон веќе биле преполни. Од Здружението на британските осигурителни компании проценуваат дека штетите можат да бидат неколку десетици милиони фунти.
„Сите се со своите мобилни телефони и разговараат. Сите чекаат нешто да се случи. Знаете на што мислам? Сите сме затворени во своите домови, улиците не се безбедни. Насекаде се чувствува тензија“, изјави синоќа за Радио Слободна Европа Даниел Боуден, жител на Лондон.
Властите не воведоа полициски час, но полицијата ги повика граѓаните да не излегуваат на улиците.
Имаше и повици да бидат блокирани и некои мобилни сервиси за испараќање пораки откако се откри дека тие биле користени од учесниците на нередите за подобро да се организираат.
Нередите, но и неможноста на полицијата да се справи со нив го покрена прашањето и за подготвеноста на Лондон да биде домаќин на Летните олимписки игри догодина.
Полицијата не е способна да ги контролира улиците. Ова се локални жители, ова се патриоти кои излегоа да го бранат реонот.
Според новинските извештаи, секој поголем град во Англија бил зафатен со нереди. Од друга страна, синоќа во Лондон главно било мирно.
Претходно, британската влада донесе одлука за тројно зголемување на бројот на полицајците, на 16 илјади, со цел да биде спречена уште една ноќ на насилства и ограбувања по улиците на главниот град, каде што, како во предградието Итам, има случаи на организирање самоодбрана.
„Полицијата не е способна да ги контролира улиците. Ова се локални жители, ова се патриоти кои излегоа да го бранат реонот“, вели Џек Ингланд, член на крајно десничарската Англиска лига за одбрана.
Нередите почнаа во саботата во Тотенхем, сиромашно мултиетничко предградие на Лондон по протестите против убиството на 29-годишен татко на четири деца, кој беше застрелан од полицијата под неразјаснети околности.
Со овие нереди ние младите им покажуваме на богатите дека можеме да правиме што сакамe.
Но, како што нередите продолжуваат, многумина го поставуваат прашањето за социјалните тензии во Британија откако владата усвои план за кратење на јавните трошоци за 130 милијарди долари до 2015 година. Планот е со цел да се редуцира огромниот буџетски дефицит кој беше направен откако земјата потроши милијради долари за спасување на приватните банки.
„Со овие нереди, ние младите им покажуваме на богатите дека можеме да правиме што сакаме“, цитира Би-Би-Си, две девојки од Лондон.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Премиерот Камерон во вторникот, оценувајќи дека она што сега се случува во државата било болно, најави дека неговата влада ќе преземе се за да го врати редот.
Тој побара од парламентот да го прекине одморот и в четврток да ги разгледа начините за справување со нередите. Сепак, тој не најави
Јас сум решен, владата е решена, правдата ќе биде спроведена и овие луѓе ќе ги почувствуваат последиците од нивното дејствување.