Поголем дел од излетничките места кои ги посетуваат битолчани во околината на градот се со бактериолошки неисправна вода.
До пред неколку години посетата на излетнички места значеше и освежување со изворска или планинска вода, но денес на излет се оди со пакувана вода во шише. Поголем дел од излетничките места кои ги посетуваат битолчани во околината на градот се со бактериолошки неисправна вода, а помал е бројот на оние со исправна вода за пиење. Дури и на Пелистер не може да се конзумира вода од било која планиска чешма или извор.
„Водите на Пелистер ги контролираме постојано, некои чешми се исправни како на пример, водата на Мала Ливада и Бегова Чешма, додека на чешмите Кај Дрвото и на Голема Ливада некогаш се добри, некогаш не, значи не се безбедни“, вели Марика Ивановска, лекар по хигиена при битолскиот Завод за здравствена заштита.
Околу Битола има стотина излетнички места, од кои барем половината се богати со вода. Но, недостигот на канализациони мрежи и септичките јами во селските населби и туристичките дестинации придонесуваат да се влошува квалитетот на подземната вода. Ваков е и случајот со попдпелистереските извори, од кои дел се исправни, дел не.
„Добра е водата во месноста викана Сребрена Вода, постојано ја контролираме. Но, ние не можеме да ги контролираме сите чешми што се во околината на Битола, ги контролираме некои. Но, ги контролираме сите по манастирите в очи верските праници, да се знае дели таа вода може да се користи или не. Ако не е за пиење се пишува табла дека не е за пиење“, додава лекарката.
Освен на излет, пакувана вода се препорачува да се користи и на одмор зашто мал е бројот на туристички дестинации каде водата од градскиот водовод е исправна за пиење.
„Флаширана вода треба да се носи секогаш кога се оди на излет и плус кога се оди на одмор зашто е безбедна. Не знаеме на местата каде што се оди на одмор дали е водата безбедна за пиење или не“, вели Ивановска.

Водите на Пелистер ги контролираме постојано, некои чешми се исправни како на пример, водата на Мала Ливада и Бегова Чешма, додека на чешмите Кај Дрвото и на Голема Ливада некогаш се добри, некогаш не, значи не се безбедни.